Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Доаѓа најбрзиот Grand Cherokee - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Доаѓа најбрзиот Grand Cherokee
31.08.2011

Chrysler и Jeep за салонот во Франкфурт ја најавуваат премиерата на најмоќниот и најбрзиот Grand Cherokee кој некогаш излегол од погоните на производителот, а погодувате ја носи ознаката SRT8.

jeep-grand-cherokee-srt8-1-2011-1

Новиот Grand Cherokee SRT8 не е само најмоќниот и најбрзиот Grand Cherokee, туку воопшто е најбрзиот модел во историјата на Jeep. Дебитира во Европа и ќе се нуди и на европскиот пазар.

Под хауба на Jeep Grand Cherokee SRT8 работи монструозниот HEMI од најновата генерација со зафатнина од 6.4 литри, осум цилиндри во V распоред, моќност од 470 КС и максимален вртежен момент од 630 Nm.

Новиот HEMI е способен да го турка Grand Cherokee SRT8 до максимална брзина од 255 km/h, додека спринтот до 100 km/h трае само 4,8 секунди. Од Jeep дури наведуваат дека овој HEMI не е ниту голем растрошник.

Но, кому е битно колку троши. Сепак, вреди да се напомене дека просечната потрошувачка му е намалена за 13% во однос на претходникот благодарение на подобрената технологија за штедење наречена Fuel Saver Technology.

Принципот на штедење со Fuel Saver Technology е дотеран така што моторот го исклучува едниот ред на цилиндри доколку крстосува на пат со константна брзина и го вклучува само по потреба.

Па така Grand Cherokee SRT8 сега со полн резервоар гориво од 93 литри може во просек да мине 720 километри. Податок кој воопшто не е за занемарување бидејќи пресметано во просек троши 12,9 l/100 km. Пристојна бројка за еден 6.4 V8.

За да може да се контролира големата снага инженерите на Grand Cherokee SRT8 му поклониле поцврсти и покуси пружини кои го приближуваат до асфалт, активни амортизери и поголеми сопирачки дискови.

Од опремата стандардно се нуди сателитска навигација, мануелен модус за менување на степените од автоматскиот менувач со палки зад волан, и адаптибилен темпомат кој сам го регулира растојанието од возилото пред себе.

Тука е и системот која предупредува за објект во мртвиот агол, квалитетен аудио систем со сабвуфер и моќност од 825 W кој го испорачува специјалистот Harman Kardon.

Grand Cherokee SRT8 треба да се појави на европскиот пазар во првото три месечје на 2012 година кога ќе бидат објавени и цените.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat