Германскиот автомобилски клуб ADAC направи серија на тестови кои симулираат судар на автомобил со диво животно на пат и од нив велече поуки со кои ги советува возачите како е најпаметно да се постапи.
Од ADAC наведуваат дека причина за едвна ваква серија тестови се почестите пријави за судар со диво животно на пат и тешките последици кои произлегуваат од еден ваков инцидент.
Според статистиката која ја објавува ADAC само во текот на минатата година биле пријавени преку 250.000 судари со диви животни на патиштата во Германија во кои загинале 27 лица, а повредени се 2.614 лица.
Сериозни бројки за инциденти кои често се случуваат и на нашите патишта, но кај нас никој не води евиденција за сударите со животни и секоја ваков инцидент се адресира на неприлагодување на брзината со условите на патот.
Но, да видиме до какви заклучоци дошле во тест тимот на ADAC:
Доколку се движите со брзина од 80 km/h и пред автомобилот излезе животно имате шанса да го избегнете сударот само доколку животното ви се испречило на пат на растојание поголемо од 60 метри велат од тест тимот.
Ако во случајот при иста брзина растојанието е помало од 60 метри тогаш сударот е незибежен велат од ADAC. Во овој случај автомобилот сигурно ќе настрада и само среќа може да влијае да се избегне сударот. Но, тоа не значи дека задолжително ќе настрада и возачот, или пак, некој од сопатниците.
Од ADAC истакнуваат дека последиците можат да бидат многу пострашни доколку возачот се обиде да го избегне сударот и нагло со маневар прејде во другата коловозна лента на места со лоша прегледност или во свијок.
Во тој случај голема е веројатноста дека автомбилот ќе удри во друг автомобил којшто доаѓа од спротивната насока, или ќе излета од патот, или ќе се преврти, или ќе ја изгуби контролата и ќе удри во некоја друга препрека.
Молскавична реакција за избегнување на сударот се препорчува доколку прегледноста е добра, нема возило од спротива и автомобилот располга со безбеднoсни системи како ABS и ESP кои ќе обезбедат непречено маневрирање при силно сопирање и при маневарот ќе го стабилизираат автомобилот.
Доколку автомобилот се движи со 100 km/h и дивото животно се појави на пат на растојание од околу 60 метри ситуацијата е многу потешка. Во овој случај дури и ако возачот реагира молскавично сударот е неизбежен.
Тестовите покажуваат дека просечниот пат на сопирање при 100 km/h изнесува околу 80 метри заради така наречената психичка секунда – времето на реакција на возачот плус времето потребно да сопре автомобиолот.
При брзина на движење од 100 km/h, појавување на животното на растојание на 80 метри и силно сопирање сударот настанува при брзина од 60 km/h. Во тој случај автомобилот претрпува удар со тежина од 3.5 тони ако животното е на пример дива свиња со тежина од околу 150 kg.
При истите услови доколку сударот е со поголемо животно на пример елен тогаш предниот дел од автомобилот претрпува удар со тежина од околу 5 тони кој завршува со далеку посериозни последици.
Тестовите на ADAC се направени во соработка со германскиот ловечки сојуз DJV и управата за безбедност во сообраќајот на патиштатa DVR. Крајниот заклучок е дека ситуацијата кога диво животно излегува на пат е крајно сериозна и дека скоро секогаш завршува со судар.
Крајниот совет што го даваат е кога се вози на патишта каде постои опасност од излегување на диви животни на пат да се намали брзината и да не се вози близу до десната страна на коловозот, односно возилото да се држи до средината од патот.
ADAC сето ова го објаснува практично во своето видео.