Преродбеникот на Hyundai, моделот i30, му ги донесе на производителот од Јужна Кореа првите 5 ѕвезди за заштита на патниците при судар освоени на испитувањето на Euro NCAP.
Да се потсетиме дека ова е втор обид на i30 да освои максимален број на ѕвезди на Euro NCAP за заштита на возрсани патници. Во првиот обид i30 освои 4 ѕвезди иако неговиот близнак Kia Cee`d тогаш ги освои сите пет.
Причина за послабиот резултат на i30 беше недоволна заштита на возачот и совозачот при фронтален судар. Поточно резултатите од тестот открија потенцијално сериозни поврeди за патниците напред во пределот на колената.
Сепак, Euro NCAP остава можност за поправен испит, секако доколку производителот ги направи соодветните измени кај автомобилот и ја унапреди безбедноста на патниците и доколку е подготвен сам да си го плати вториот тест. Тогаш е можен т.н. ретест и Hyundai го направи токму тоа.
По освоените 5 ѕвезди на i30 портпаролот на Euro NCAP истакна дека корејските автомобили се претворија во сила која треба да се почитува и токму затоа застануваат рамно до рамо со многу поизвиканите европски производители кога е во прашање безбедноста.
Второ возило кое може да се пофали со најдобриот резултат од 5 ѕвезди e M Класа на Mercedes. Претходникот во 2002 освои 4 ѕвезди за заштита на возрасни патници.
На најновиот тест на Euro NCAP покрај поправниoт испит на Hyundai i30, прват, покрај Mercedes M Класа беа тестирани Lancia Delta и Renault Koleos.
Двата автомобили освоија максимални 5 ѕвезди, додека малечкиот Daihatsu Cuore освои само 4 ѕвезди. Причина за послабиот резултат на краш тестот е лошата заштита на градите и на бутините на патниците напред.
Ниту еден од моделите не успеа да освои максимален број ѕвезди за заштита на деца и пешаци. М Класа на Mercedes дури успеа да освои само една од можните четири ѕвезди за заштита на пешаци поради високата хауба и огромната предна маска.
|