Get Adobe Flash player

Лавот доби супер оцени од EuroNCAP
03.09.2007
308-crash-testНовиот компакт од Peugeot, 308 уште во старт докажува дека е подобар од својот претходник кога станува збор за безбедноста. Се гордее со плус една ѕвезда на краш тестот на EuroNCAP.

Лавот во компактната класа заработи највисока оцена од пет ѕвезди за заштита на возрасни патници при судир. Воедно освои максимален број на бодови за страничен судир и за судар со столб.

Децата можат мирно да спијат и да се возат во 308 бидејќи во спроведениот тест таа освои одлични четири ѕвезди изедначувајќи се со конкурентот во класа Cee’d.

Додека останатите бројки се движат во рамките на класата 308 изненадува со одлично програмираната заштита на пешаци при судир. Трите освоени ѕвездички ја прават предводник посебно кога станува збор за судир со дете.

 
Get Adobe Flash player