Независната европска агенција за проценка на безбедноста кај автомобилите го направи својот последен тест и ги објави резултатите според постоечкиот систем за проценка.
Од февруари 2009 стапува на сила нов систем за проценка кого ќе го пренесеме во детали. Од 12 возила кои беа тестирани 8 освоија максимална оценка од 5 ѕвезди.
Возилата кои освоија 5 ѕвезди за заштита на возрасни патници се: Alfa Romeo MiTo, Ford Fiesta, Peugeot 308 CC, Volkswagen Golf VI, Renault Megane, Honda Accord, Opel Insignia и Volvo XC60. Сепак, сите овие возила не успеаја да освојат и максимален број на ѕвезди за заштита на деца патници и за заштита на пешаци.
Меѓу тестираните возила се најде и Dacia Sandero. Euro NCAP направи два теста првиот со основниот пакет на безбедносна опрема кој се нуди во Sandero, а вториот со SafetyPack. Овој пакет кај поорпемените верзии се нуди како стандардна опрема, а кај посиромашните пакети како опција.
Sandero со основниот безбедносен пакет освои три ѕвезди, додека опремен со SafetyPack освои четири ѕвезди. Во своето образложување Euro NCAP изрази жалење зошто безбедносниот пакет не се нуди сериски во сите верзии на Sandero.
Покрај автомобилитe краш тест беше направен и со пикап. Станува збор за Ford Ranger кој успеа да освои само двe ѕвезди за заштита на возрасни патници.
Најдобро на тестот пројде новиот Renault Megane. Тој воедно го oсвои најголемиот број на бодови што можат да се освојат со сегашните правила на Euro NCAP.
Третата генерација на Renault Megane успеа да освои 37 од можни 37 поени за заштита на возрасни патници како од челен така и од страничен удар.
Единствениот автомобил што има освоени максимални 37 поени во 10 годишната историја на Euro NCAP е Nissan Qashqai. Оттука се гледа дека успехот на Renault Meгane не е случаен бидејќи тој е поставен на истата платформа врз која почива и Qаshqai.
И во другите тестови Megane освои високи оценки. За заштита на деца доби 4 ѕвезди и за заштита на пешаци 2 ѕвезди. Најдобра оценка за заштита на пешаци 3 ѕвезди добија Ford Fiesta, Honda Accord и VW Golf VI.
|