Get Adobe Flash player
Automotive Group со нов автосалон
13.07.2007
renault-salonВчера вечер во Скопје во населбата Кисела Вода официјално е отворен новиот автосалон на импортерот за Renault, Dacia и Nissan сега обединати под името на Automotive Group. 

На присустните соработници, гости од земјава и странство, новинари, бизнисмени, политичари, естрадни лица и љубители на автомобилизмот официјално им беше претставен новиот импортер за групацијата Renault.

Милош Мароти одговорeн на групата Renault за нашиот пазар имаше чест да го отвори новиот салон и воедно го инаугурира Automotive Group како нов импортер.

Групата Automotive постави цел во следните 3 години да ги издигне марките Renault, Dacia и Nissan на место каде што заслужуваат, односно да го позиционира Renault меѓу првите три најпродавани марки во Македонија и да го зголеми учеството на Dacia и на Nissan на пазарот за 2 проценти.

Изгледа многу, но ова е реалната застапеност на марките од групата Renault на европскиот пазар.

Тендецијата на групата Automotive покрај зголемувањето на продажбата на трите марки е и да ја врати довербата на домашните купувачи. Во последниве 5 години, групата Renaul е лидер или барем меѓу најдобрите три производители на автомобили и целта е да се достигне ова ниво и кај нас.

Комерцијалниот директор на групата Renault за Македонија, Деjан Јадровски истакна дека за да дојдат до посакуваното ниво и до исполнување на зададените цели, покрај квалитетот на возилатa, задолжително мора напорно да се работи и на подигање на пост продажните услуги и довербата на купувачите.

Плановите за иднината се нов автоцентар каде под една капа ќе бидат сместени продажни салони за трите марки, современ сервисен центар и плац за користени возила. Следат поволни услови на финансирање и други активности неопходни за комплетна автомобилска понуда.

Во бизнис планот на групата е и развој на својата дилерска мрежа низ државата за полесен пристап до крајните корисници кои посебно ќе се радуваат на новите модели очекувани во следните 2 години.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat