Get Adobe Flash player
Porsche Leasing во Македонија
02.03.2008
porsche-leasing-press-1.jpgЦелта на Porsche Leasing е понуда на поволни решенија за набавка на автомобили од марките застапени од Porsche Makedonija: Volkswagen, Audi, Skoda и Volkswagen комерцијални возила.

За успехот што Porsche Leasing го очекува кај нас стои традиција подолга од 40 години. Porsche Bank, основана е во 1966 како дел од концернот Porsche Austria, и со тоа станува прва финансиска институција во Австрија која и до денес има најголем број на финансирани возила.

Инаку, Porsche Holding, каде што припаѓа и Porsche Bank, а со самото тоа и Porsche Leasing е семејна империја во стопроцентна сопствност на семејствата Porsce и Piech.

Porsche Bank е присутна во следниве земји: Австрија, Словачка, Словенија, Хрватска, Унгарија, Романија, Србија, Црна Гора и во Бугарија и нуди најдобри и најсигурни услови на финансирање.

Како и во сите земји каде што Porsche Bank делува, така и на македонскиот пазар Porsche Leasing ќе работи во склад со основната филозофија на Porsche „Се од една рака” финансирање, осигурување и одржување, се на едно место.

Одлуката за влез на Porsche Leasing на македонскиот пазар е донесена од страна на Porsche Bank врз основа на целокупниот развој на нашиот пазар, како и врз проекцијата за натамошен раст и развој на македонското стопанство.

Производите коишто Porsche Leasing ќе ги понуди кај нас ги пренесуваме во целост:

Финансиски лизинг

· Со  избор на финансискиот лизинг, на корисникот на лизингот му е овозможено возилото (патничко или комерцијално) да го отплаќа, а на крајот да стане негов правен сопственик.

· Самиот процес на реализација на овој начин на финансирање е значително поедноставен и побрз од класичниот банкарски кредит (за само 24 часа од добивањето на целосната документација).

· Предност на ваквото финансирање е флексибилноста бидејќи планот за отплата на лизинг–ратите може да се прилагоди така да одговара на специфичните потреби на корисникот на лизингот и дава сигурност бидејќи фиксните рати претставуваат основица за јасна и прецизна калкулација на трошоците.

Оперативен лизинг

· Основата на оперативниот лизинг е користење на возилата без стекнување на сопственост. Основната предност на овој лизинг е што ваквиот начин на финансирање не ја зголемува задолженоста на претпријатието, што значи дека обезбедува предност од аспект на ликвидноста.

· Сите трошоци на оперативниот лизинг се пресметуваат како материјални трошоци.

· Со користењето на ваков начин на финансирање, претпријатијата имаат можност редовно да го обновуваат својот возен парк и на тој начин да ја зголемуваат својата конкурентност на пазарот.

Одржување на возилата – Fleet Management

· Постојаните промени на пазарот бараат мобилност на вработените со цел да се зголеми конкурентноста. Без добра оптималност на возниот парк трошоците на управување постојано растат.

· Porsche Leasing на сите правни лица им нуди решение за поефикасно и порентабилно водење на својот возен парк.

· Концептот за одржување на возилата подразбира: одржување и сервисни услуги според прописот на производителот на возилото, поправка на возилото при експлоатација со замена на потребните резервни делови, замена на маслото пропишано од страна на производителот на возилото, замена и ускладиштување на зимските и летните гуми (според договорот), детална пресметка на трошоците за поправки на секои 6 месеци.

· Сите производи кои ги нуди Porsche Leasing се наменети за сите физички лица, како и за правните субјекти и претприемачите коишто својата дејност ја извршуваат на територијата на Македонија.

Причини поради кои правните субјекти би требало својот возен парк да го одржуваат преку нас:

· Оптимално одржување на возилата од економски и технички аспект

· Едноставно, јасно и лесно планирање и рамномерно распоредување на трошоците

· Брза идентификација по пат на корисничка картичка во секој овластен VW, Audi и Skoda - сервис на нашата мрежа

· Пониски трошоци за одржување и поправки

· Заштеда при трошоците за администрација

· Мотивација кај вработените при користењето на службените возила.

Предности на Porsche Leasing:

· Поволни услови и јасен преглед на трошоците

· Минимално учество

· Едноставен и брз процес на обработка на договорот

· Вашиот дилер Ви обезбедува сé на едно место: купување, финансирање, осигурување и одржување.

Предвидено е дека во наредните две години вкупниот пазар во Македонија  ќе се зголеми од околу 12.500 на околу 14.000 продадени возила и дека на овој пазар ќе бидат продадени околу 2.000 возила од марките на нашите концерни. Porsche Leasing  планира во следните години да финансира помеѓу 500 и 750 возила од марките на концернот. Врз основа на тоа Porsche Leasing до крајот на 2010 предвидува да има околу 1.800 договори за финансирање.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat