Get Adobe Flash player

Пред старт на Водно 2009
06.05.2009
castrol-racing-press-1.jpgВикендов 9. и 10. мај на падините на Водно се вози меѓународната ридска трка Награда на Град Скопје која традиционално е најпосетениот автомобилски настан во Македонија.

Трката на Водно која е во организација на тимот Catrol Racing и е под покровителство на Град Скопје и на Hyundai покрај македонскиот шампионат на ридски патеки се бодува и за FIA IHCC - International Hill Climb Chalenge, FIA EHCC – European Hill Climb Chalenge и за Шмапионатот на FIA CEZ, односно ридскиот шампионат на земјите од Централно европската зона.

Токму поради меѓународниот карактер ридската трка на Водно од секогаш привлекувала многу странски возачи кои заедно со домашните нудат единствено чувство за сите љубители на спортот кои ќе се најдат покрај патеката.

Сепак, поради економската криза која го зафати светот, но и нашиот регион годинава организаторот очекува гостите од страна да пристигнат во помал број, а се очекува и помало присуство на домашните возачи.

Според најавите патеката на Водно ќе ја возат околу дваесетина гости меѓу кои и веќе одомаќинетиот возач од Унгарија, Ласло Хернади и европскиот шампион на ридски патеки кој доаѓа од Словачка, Петер Јурена.

Стартот на првиот тренинг во сабота е во 11 часот, а вториот се вози еден час по завршување на првиот. Трката во недела исто така стартува во 11 часот.

 
Get Adobe Flash player