Get Adobe Flash player

Seat создава историја
28.10.2008
seat-leon-wtcc-1.jpgSеат првпат во историјата освои конструкторска титула во Светскиот шампионат со сериски-модификувани автомобили WTCC. И првпат во историјата на WTCC титулата е освоена со дизел.

Seat ја обезбеди титулата благодарение на успесите на двајца од своите возачи. Станува збор за Иван Милер и Габриеле Тарквини, кои покрај тоа што му ја донесоа круната конструкторски шампион на Seat, меѓу себе ќе се натпреваруваат за возачка титула во WTCC на последната трка која се вози на градската патека во Макао.

Освоената двојна победа во Јапонија со два различни модели Seat Leon WTCC TFSI со бензински мотор и Seat Leon WTCC TDI со дизел беше клуч за финалниот триумф на Seat.

Најсветла точка во освојувањето на титулата е што Seat успеа да стане шампион на предпоследната трка од сезоната која се возеше на патеката Окајама во Јапонија.

Триумфот на Seat меѓу конструкторите, односно производителите е повеќе од задоволство за шпанскиот мотоспорт. Причината за една ваква огромна радост е што досега шпанскиот производител не освоил ниту една конструкторска титула во мотоспортот воопшто.

Seat титулата и за конструктори и за возачи ја освои математички. Едноставно возачите на Seat, Иван Милер и Габриеле Тарквини во текот на сезоната освоија толку многу бодови што без оглед на исходот во Макао, Seat останува шампион.

Секако исходот во Макао е важен само за нив двајца. Односно за исходот на шампион меѓу возачите. Двајцата имат можност да станат победници во последната трка од сезоната која се вози на 16. ноември.

„Одличната тимска работа на сите членови во Seat Sport, возачите и целосната поддршка од Марторел беа клучот за победата на тимот. Сакам да им се заблагодарам на сите, затоа што нивниот капацитет и тимски дух ни дозволија да го постигнеме овој забележителен успех”, изјави директорот на Seat Sport, Џејми Пјуиг откако стана јасно дека Seat е новиот светски шампион.

Сега се што останува е да видиме кој од Милер и Тарквини ќе ја освои возачката титула.


 
Get Adobe Flash player