Бордот на директори на Ferrari на чело со
претседателот Лука ди Монтеземоло потврди дека следната година Ferrari
нема да се натпреварува во Формула 1 поради несериозноста на FIA.
Официјалното соопштение од Ferrari пристигна
откако FIA одлучи да воведе нови измени во правилата за 2010 кои се
засновани на, според Монтеземоло, произволни тумачења на техничките правила и
нови економски параметри кои го спречуваат развојот.
Во Ferrari нагласуваат дека доколку во FIA не се
смени начинот на размислување и не се ревидираат правилата за 2010 кои во прв
план се донесени без да се консултираат тимовите, тие по 60 годишното учество во
Формула 1 конечно ќе се повлечат од спортот.
Да нагласиме дека Ferrari e
единствениот конструктор кој учествувал во сите сезони на Формула 1 од
нејзините зачетоци во 1950.
Ferrai дополнително го истакнува своето разочарување од
методите на FIA во начинот на носење одлуки кои се од есенцијално
значење за Формула 1 и чива природа е премногу сериозна за да не претходи
консултирање со конструкторите и тимовите.
Соопштението на Ferrari е прво што еден
тим го упатил по откривањето на правилата на FIA за 2010, а
доаѓа откако почнаа да кружат гласини дека и Toyota, Red Bull,
BMW... набрзо ќе излезат со слични соопштенија.
Се чини дека само Brawn, Williams и Force
India ќе успеат да го запазат крајниот рок за доставување официјални апликации
за учество во Формула 1 во следната сезоната.
Претседателот на FIA, Макс
Мозли пред една седмица истакна дека Формула 1 може да преживее и без Ferrari, но дали
откажувањaтa од кралицата на мотоспортот ќе застанaт тука.
|