|
19.03.2009 |
Се до годинава возачкиот шампион во Формула 1 го
определуваше едноставен бодовен систем, но за оваа сезона Ф1 го менува
начинот на кој ќе се одлучува за шампионот.
Возачот кој ќе победи на најмногу трки без оглед на
освоените бодови ќе стане шампион во Формула 1. Ова е многу голема измена во
начинот на одлучување за шампионската титула.
Доколку минатата сезона функционираше овој систем
Фелипе Маса со шест победи во сезоната ќе го победеше Луис Хамилтон и ќе ја
освоеше шампионската титула.
Целта на измените, како и на останатите измени во
правилата за 2009 е да се охрабрат возачите да преткнуваат повеќе и да се борат
за освоените позиции без калкулации.
Во Формула 1 треба да владее сурова борба која ќе го подигне
улгедот на шампионатот и воедно ќе го направи поинтересен за гледање. Значи
годинава возачите нема да се борат за бодови и да калкулираат, туку ќе се борат
за победи.
Во случај на крајот од сезоната да има двајца возачи со
ист број на победи, тогаш на снага стапуваат бодовите и ќе победи оној возач
кој има освоено повеќе бодови во текот на сезоната.
Овие дополнителни измени во системот на бодување
укажуваат дека пред нас е една многу интересна сезона во Формула 1.
|