Get Adobe Flash player

Renault упати закана. Cи оди од Ф1
14.05.2009
renault-f1-bolid-1.jpgСосема очекувано по соопштението на Ferrari дека си заминува од Формула 1 во 2010 заради кратењето на буџетите и Renault упати закана дека и тие нема да останат рамнодушни по ова прашање.

Флавио Бријаторе истакна дека донесениот правилник од страна на FIA и Макс Мозли го примораа францускиот производител да размисли околу учеството во светскиот шампионат следната година.

Во своето соопштение до јавноста Renault истакнува дека предлозите на асоцијата на тимови во Формула 1, FOTA, биле комплетно игнорирани од страна на FIA и дека тие бараат спроведување на подобар баланс.

Renault останува посветен на спортот, но неможе да учествува во шампионат кој се одржува според правила кои постојано се менуваат и затоа ќе биде принуден да се повлече од Ф1 на крајот од сезоната,” изјави претседателот на тимот на Renault, Бернард Реј.

„Одбиваме да го прифатиме автократскиот настап на FIA. Доколку решенијата донесени на 29. април од страна на Светскиот совет за мотоспорт не бидат ревидирани немаме друг избор освен да се повлечеме од FIA Formula One Championship на крајот од 2009,” заклучува Бријаторе.

 
Get Adobe Flash player