|
03.03.2008 |
Застапникот на трите марки на групацијата VAG,
Volkswagen, Audi и Skoda, фирмата Porsche Makedonija свечeно го
означи отворањето на новиот продажно-сервисен центар.
Воедно гала забавата приредена по овој повод беше
искористена и за претставување на двата најнови модели на марките Volkswagen
и на Audi, односно новиот малечок SUV Tiguan и новиот
А4 на македонскиот пазар.
Tiguan кај нас доаѓа закитен престижна награда SUV на
годината која ја доделува германскиот магазин OFF Road по изборот
на своите читатели. Годинава гласаа дури 58.000 читатели, а во конкуренција од
20 возила Tiguan го освои првото место пред ривалите BMW
X3 и Land Rover Freelander.
Audi A4 кој во својата последна изведба плени со својот мачо
настап, но и со скриена елеганција и над се напредна техника, настапува под
мотото Night Vision инспирирано од дизајнот на предните
светла оздола обрабени со LED.
Паралелно со отворањето на новиот центар Porsche
Makedonija стартува со работа и фирмата Porsche Leasing основана
кон крајот на минатата година од страна на Porsche Bank AG.
Центарот на Porsche Makedonija се наоѓа во населбата Скопје Север на булевар Босна и Херцеговина бб.
|