Утре почнува прославата за 100 годишнината од основањето
на Audi и по тој повод во седиштето на компанијата во Инголштад е изложена гигантска
скулптура на актуелната генерација на купето Audi TT.
На утрешен ден 16 јули пред точно 100 години еден од
пионерот во автомобилската индустрија Аугуст Хорх ја основаше компанијата August Horch Automobilwerke GmBH во Цвикау, Германија.
Кусо време по основањето на компанијата Аугуст Хорх
одлучил да ја преименува компанијата со латинскиот превод на неговото презиме и
така настанува Audi
Automobilwerke.
Марката со препознатливото лого на четирите круга
стартува со гала вечера во Audi
Forum во Инголшатд на која ќе присуствува и германскиот
канцелар Ангела Меркел, најпознатите имиња од светот на спортот како Карл-Хајнц
Румениге, кошаркарската ѕвезда Дирк Новицки како и тркачките легенди Џеки Икс кој возеше Auto Union Type D ,
Валтер Рерл, Стиг Бломквист и осумкратниот победник на Леман шампионот Том
Кристенсен.
Присутните на гала собирот ќе ги забавува светски
признатиот пијанист и глобален амбасадор на Audi кинезот Ланг Ланг којшто ќе свири на гранд пијано од Audi
Design.
Музичкиот инструмент со карактеристични заоблени форми е
дизајниран во Audi
Design Studio во Минхен и во иднина ќе може да се користи на сите
значајни и престижни музички настани.
Најголемо внимание сепак ќе привлече гигантската
скулптура на Audi
TT изложена пред седиштето на компанијата. Скулптурата на Audi TT во должина мери 10,2 m, широка е 4,5 m,
висока е 3,25 m и тежи 10 тони.
Овој величествен Audi
TT првпат беше прикажан во 2006 и досега можеа да ја видат
граѓаните на Берлин, Пекинг, Хонг Конг и Минхен.
Граѓаните пак на Инголшатд и воопшто помаладата
популација во Германија со нетрпение го очекуваат вториот ден од прославата за
100 годичнината на Audi.
Причина е концертот, насловен како Audi rocks 100 на најпопуларниот германски бенд Die
Fantastischen Vier. Концертот на отворено ќе се одржи на Audi Piazza односно Плоштадот на Audi во Инголштад.
И што друго да кажеме освен среќно ново столетие Audi.
|