Get Adobe Flash player

Maserati со ретро дизајн
29.04.2008
a8-gcs-berlinetta-1.jpgНа Конкурсот на елеганција Villa d`Este кој се одржа викендов беа претставени прилично уникатни модели со кои некои производители се обидуваат да го свртат вниманието кон себе.

Станува збор за каросериски работилници како што се славните Ghia, Bertone, Zagato, а меѓу нив и Touring Superleggera кои доминираа на тлото на Европа во производство на спортски автомобили.

Но, денес времињата не се поволни за овие мали производители. Повеќето од нив се сретнуваат со финансиски проблеми и им прети затворање или евентуелно превземање.

И покрај лошата состојба тие сепак не се предаваат и на конкурсот на елегенација Villa d`Este можеа да се видат извонредни автомобилски креации посебно од миланската работилница Touring Supeleggera.

Миланезите се претставија со два уникатни автомобили изработени на основата на модели од Мaserati. Првиот е Maserati Quattroporte Bellagio Fastback, а вториот е A8 GCS Berlinetta Touring. И двата претставуваат современа интерпретација на класичните италијански спортски автомобили од шеесетите.

maserati-quattroporte-sport.jpg










Maserati Quattroporte Bellagio Fastback
(на фотосот) е комби верзија на оригиналниот Quattroporte и сеуште се наоѓа во фаза на концепт. Со оглед на фактот дека преработениот автомобил сега има пет врати многу пологично би било да го носи името Cinqueporte. Како и да е според одговорните во Touring Superleggera автомобилот е направен за некој клиент од Арабија и е произведен само еден примерок по цена која ја преминува сумата од 350.000 евра.

A8 GCS Berlinetta Touring пак претставува мало спортско купе инспирирано од моделот на Pininfarina, A8 GCS Berlinetta од пред 40 години кое е микс од ретро дизајн и современа технологија и тежи само 1.200 килограми.

Тежината на A8 GCS Berlinetta Touring оди на рака со името на работилницата Superleggerа што преведено значи супер лесно. Го одликува традиционалната маска на Мaserati која како да е превземена од моделите од 50. години и жичаните бандажи со кои дополнително се потенцира лесната градба на автомобилот.

Пода хаубата работи познатиот V8 на Мaserati, а снагата се пренесува на задните тркала преку менувачот сместен директно на задната оска т.н. трансаксл заради што подобра тежинска распределба меѓу предната и задната оска.

За разлика од Maserati Quattroporte Bellagio Fastback, A8 GCS Berlinetta Touring од концепт ќе се претвори во сериски автомобил, доколку воопшто може така да се нарече. Сепак, верзијата спремна за производство ќе биде претставена на салонот во Женева во 2009.


 
Get Adobe Flash player