Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Од посетата на фабриката на Dacia - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Од посетата на фабриката на Dacia
28.10.2011

За фабриката на Dacia се врзуваат два суперлативи. Таа е најголемата фабрика за автомобили во групацијата на Renault и воедно е најголемиот логистички центар на алијансата Renault-Nissan.

dacia-fabrika-1-2011-1

Само во погоните за производство на автомобили работат 8.500 вработени, кон нив се приклучуваат уште 3.700 вработени од погоните за производство на механички компоненти, кои пак, се втори по големина во групацијата на Renault, а остатокот до 15.250 вработени го пополнуваат оние што работат на одржување и во техничкот и развојниот центар и во центарот за дизајн.

Интересно, покрај Франција, Романија е единствената држава каде групацијата на Renault освен производство има и свои технички, развоен и дизајнерски центар. Конкретно дизајнерскиот центар на Renault во Романија е сместен во убава вила која се наоѓа во живописен, инспиративен крајолик и во него од 40 вработени 80% се странци од 15 различни националности, а шеф е Британец. Тоа е единствениот дизајнерски центар во Централна и Источна Европа.

dacia-fabrika-3-2011-1

Страниците на Duster се создадени од пресувани елементи изработени во погоните на Dacia

Крај него работи и техничкиот центар во градот Титу кој исто како и фабриката за механички компоненти е втор по големина во групацијата на Renault. Првиот секако е во Франција. Во склоп на Dacia работи и единствениот центар на групацијата на Renault за конструирање и производство на преси кои се користат и во останатите фабрики на групацијата. Значајно е што во техничките центри и во фабриката работат вкупно 2.000 инженери.

Првично пресуваните делови за склопување на автомобилите на Dacia доаѓале од проверени добавувачи од Шпанија и од други земји, но денес сето тоа се одвива во самата фабрика според технологија земена на заем од Nissan и пресувањето е идентично како во фабриките на Nissan во Јапонија и на Тајланд. Воедно пресуваните делови и останати компоненти им се испорачуваат на фабриките во Русија, Мароко, Колумбија, Индија, Иран, Бразил и Јужна Африка каде исто така се склопуваат Logan, Sandero и Duster.

Во фабриката на Dacia не се произведуваат само автомобили. Погоните за механички компоненти произведуваат мотори, менувачи, диференцијали, делови од шасијата како носечки рамки, напречни и надолжни водилки и предни и задни оски. Годишно од погоните излегуваат 350.000 мотори и 600.000 менувачи, плус останати компоненти кои се испорачуваат до останатите фабрики на алијансата Renault-Nissan.

dacia-fabrika-2-2011-1

Вредните раце на работниците дел по дел, фаза по фаза, го коцкаат автомобилот

Во склоп на фабриката за механички компоненти работи и леарница за алуминиум која годишно преработува 13.000 тони од овој лесен метал претворајќи ја суровината во одливки кои претежно се користат во моторите и во менувачите. Компонентите кои се произведуваат во погоните на Dacia се само дел од сето она што е потребно да се склопи еден автомобил. Затоа за Dacia работат преку 900 добавувачи од цела Романија кои испорачуваат арматурни табли, панели за поставување на вратите, седишта, кабли, клима уреди, издувни системи итн.

Станува збор за огромна индустрија која има обрт од 1,2 милијарди евра годишно и вработува 130.000 вработени низ цела Романија. На ова се надоврзуваат и продажните центри на алијансата во Романија кои вклучуваат 95 центри на Dacia, 58 на Renault и 24 на Nissan, имаат 5.200 вработени и држат 40,7% од вкупните продажби на автомобили во државата. Ова е само дел од обртот на групацијата на Renault во Романија кој во 2010 година изнесуваше 3,3 милијарди евра од кои преку 2,6 милијарди евра и припаѓаат само на Dacia.

Сериозни бројки кои се постигнати во само десетина години откако во септември 1999 година Renault ја купи Dacia. Секако ова е постигнато со огромни инвестиции кои од 2000 до 2010 година изнесуваат 1,63 милијарди евра. Најголем виновник за брзиот раст на Dacia се сокрива во фамилијата Logan која од скромен почеток во 2004 година со 20.274 произведени примероци го достигна врвот во 2007 година со 230.473 примероци.

dacia-fabrika-4-2011-1

Заварувањето на шасијата во други фабрики го прават роботи, но во Dacia тоа е задача на искусни заварувачи

Производствените бројки на Logan почнаа да опаѓаат со појавата на Sandero во 2008 година и со појавата на Duster во 2010 година. Така минатата 2010 фамилијата на Logan достигна продукција од 127.164 примероци, Sandero продукција од 154.559 примероци и Duster продукција од 67.000 примероци. Вкупната продукција на Dacia минатата година изнесуваше 348.723 примероци од кои преку 90% одат за извоз. Најголеми пазари се Франција со 110.000 испорачани примероци и Германија со 40.500 примероци, следат Италија, Шпанија и Турција и други.

Производството во голема мерка се потпира на стручните раце на работниците за чија обука се потрошени преку 5 милиони часа тренинг од 2000 до 2010 година. Тие се задолжени за составување на профилираните панели од каросеријата, за транспорт по принципот секој дел на свое место, заваруваат, инсталираат компоненти, ја составуваат кабината. Роботите се задолжени за т.н. процес „брак” каде подвозјето заедно со погонската спрега се спојува со каросеријата заради висока прецизност.

Секој примерок покрај вообичаените тестови за водонепропустливост на кабината, проверка и поддесување на подвозјето и на електриката оди во одделот за контрола на квалитетот, а примероци избрани по случаен избор одат на тестирање во покриениот полигон во склоп на фабриката чија патека со скокови и лоша подлога ги имитира најлошите патни услови што може да ги доживее една Dacia во својот животен век.

dacia-fabrika-5-2011-1

Женските раце се подеднакво вредни во Dacia. Тие сочинуваат една третина од вкупната работна сила

Во Dacia не сакаат многу да зборуваат за своето минато. Сепак, од историјата не се бега, а таа за Dacia почнува од 1966 година. Oснована како Uzina de Autoturisme Pitesti – UAP првиот модел Renault 8 го произведува по лиценца и го продава на домашниот пазар под името Dacia 1100 од каде доаѓа и општо познатото име на марката. Следниот модел на основата на Renault 12 е целосно произведен во Романија со сопствени алати и машини и го носи името Dacia 1300. Тој со разни модификации останува во продукција се до 2000 година кога од производните ленти се симнува последниот примерок.

Во 1990-те и на почетокот од првата декада на новиот милениум се појавуваат и моделите како Nova, SuperNova и Solenza, но ниту еден не го до доживува успехот на Dacia 1300 која е произведена во преку 2 милиони примероци низ животен век од 32 години.

dacia-fabrika-6-2011-1

Тркачот Duster No Limit е гордоста на Dacia и погледот кон иднината

Бројките јасно кажуваат дека Dacia ниту од далеку нема лоша историја. Но, она што е поважно е погледот насочен кон иднината. Затоа на централно место во управната зграда се наоѓа тркачот од Pikes Peak, Duster No Limit кој во својот прв напад на опасната патека во трката кон облаците го освои третот место и стекна огромна почит од ветераните на оваа трка.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat