Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Почина големиот конструктор Карол Шелби - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Почина големиот конструктор Карол Шелби
14.05.2012

На 89 годишна возраст во болница во Далас, Тексас почина Карол Шелби еден од најголемите контруктори во историјата на автомобилизмот познат како креатор на легендарниот монструм Shelby Cobra.

carroll-shelby-cobra-1-2012-1

Големиот конструктор достигна длабока старост од 89 години и зад себе остави големи дела. Покрај Cobra познат е и по доработките на Ford Mustang, а во својата кариера соработувал и со Chrysler и со General Motors.

Роден во Тексас во 1923 година во семејство на поштар ја започнал својата тркачка кариера во текот на 1950-те и возел за големи тимови како Cad-Allard, Aston Martin и Maserati.

Во 1959 година го достигнува врвот во својата тркачка кариера кога ја освојува една од најтешките трки на планетата 24 часа Леман зад волан на Aston Martin. Но, во 1960-те заради проблеми со срцето го напушта тркањето.

Отвора школа за обука на идни тркачи и компанија за конструирање и склопување на автомобили. Од неа произлегува легендата на четири тркала Shelby Cobra поставена врз модификувана шасија на британскиот спортски автомобил AC Ace, кого го произведува мануфактурата AC Motors, со мотор на Ford.

carroll-shelby-maserati-1-2012-1

На почеток на 1960-те неможејќи да најде соодветен мотор за својот модел AC Motors се долучува да го сопре производството и да објави банкрот. Тогаш компанијата добива писмо од Карол Шелби со барање да направи модификувана верзија на просторната шасија од цевки за во неа да се смести V8 на Ford од 4.3 литри.

Шелби бил голем фан на Chevrolet и кога се родила идејата за американски тркач се обратил до компанијата со реален проект. Но, несакајќи канибализам во својата понуда со Corvette, Chevrolet ја одбива понудата на Шелби.

Истата ја прифаќа Ford бидејќи во тоа време нема тркач од таков калибар, а воедно го претставува својот нов V8 со мал блок конструиран за високи перформанси. По доработката на Шелби овој 4.3 литарски V8 испорачувал 260 КС.

Така моторот на Ford проработува во шасијата на AC Motors и се раѓа автомобилот кој во Британија се продава како AC Cobra, а во Америка како Shelby Cobra. Првата генерација со 4.3 литарецот се произведува од 1962 до 1963 година кога е претставена втората генерација со помоќен V8 од 4.7 литри.

carroll-shelby-mustang-1-2012-1

Ултимативната трета генерација на Cobra доаѓа две години подоцна во 1965 кога под хаубата Шелби успева да го смести 7.0 литарскиот V8 на Ford со 425 КС во бичната изведба и 485 КС во навиената изведба со која достигнува максимална брзина од 298 km/h и со неа во 1967 година заминува во историјата.

Но, легендата за Cobra продолжува да живее како и животното дело на Карол Шелби.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat