Get Adobe Flash player

Sonax ја освојува Македонија
04.11.2009
sonax-2009-1.jpgЕдна од најголемите и најзастапени компании која произведува средства за нега на автомобили полека но сигурно го освојува македонскиот пазар благодарение на квалитетот на своите производи.

Со цел подобро запознавање со продуктите на германската компанија застапникот за Sonax во Македонија, фирмата Атомем, минатиот месец организираше тренинг за професионалците кои се занимаваат со редовно одржување на автомобили.

На тренинг сесиите покрај запознавањето со продуктите на Sonax нашите професионалци добија и нови сознанија кои се однесуваат на одржувањето и пред се полирањето на лакот на автомобилите.

Од Sonax истакнуваат дека анкетите спроведени од повеќе европски и светски агенции за истражување покажуваат дека професионалците кои се занимаваат со редовно одржување на автомобили во преку 90% од случаите користат продукти на Sonax. Втори по застапеност се продуктите на 3М.

Сепак до неодамна ова не важеше за Македонија. Повеќето од нашите наменски сервиси за одржување како што истакнуваат најчесто користеа продукти на 3М, но сликата нагло почнува да се менува.    

Без оглед дали станува збор за машинско или рачно миење на автомобилот, хемиско чистење на внатрешноста, полирање и заштита најчест избор се продуктите на Sonax.

Ова важи и за професионалците, но и за оние кои сеуште веруваат во принципот „Направи сам.

Директорот на одделот за тренинг и презентација на нови продукти во Sonax, Ерик Меклауд презентирајќи ја новата линија на професионална Nano политура на Sonax практично успеа да ги увери нашите професиналци во нејзиниот квалитет.

Според името лесно може да се дојде до погрешен заклучок дека истата е наменета само за дотерување на новите возила лакирани со новите генерации автолак отпорен на гребење.

Но, тоа не е така. Таа функционира и кај старите автомобили, дури и кај оние каде лакот е толку оштетен што личат дека се матирани. Со правилно користење на абразивни, политури за сјајност и восок за заштита и стариот оштетен лак може да свети.

Предноста што ја нуди Sonax покрај соодветните хемиски средства е и пратечката опрема. Соодветни сунѓери и крпи за полирање кои овозможуват остварување на максимален ефект.

Дури и ако припаѓате на групата „Направи сам следењето на упатствата наведени до производителот ќе вродат плод и стариот лак ќе сјае како нов.

Мора да се знае дека полирањето е механичка работна, процедура чија цел е да се намалат нерамнините на површините од каде произлегува сјајноста. Затоа средствата за полирање содржат абразивни гранули кои се дробат за време на процесот на полирање и ги измазнуваат нерамнините.

Од тие причини постојат различни видови на политури од абразивни пасти кои ги симнуваат најголемите нерамнини до политури кои содржат многу малку абразив, а повеќе восок кој ги исполнува нерамнините и го потпомага ефектот на сјајност.

Воедно треба многу да се води сметка за видот на алатот, поточно сунѓерот со која се врши полирањето. „Врежаното мислење дека волната за полирање полира е неточно вели Меклауд. Таа се користи со абразивна паста и симнува најмногу нерамнини. Ако полирате со неа ќе го матирате лакот.

Понатаму во гамата на Sonax следат жолиот тврд сунѓер, портокаливиот среден сунѓер и белиот мек сунѓер. Тие се менуват во зависност од постапката. Меклауд истакнува дека секое полирање треба да заврши со мека микрофибер крпа. Со неа со нежно минување преку лакот се отстранува вишокот средство кое се задржало по полирањето.

Ако се следи процедурата пропишана од Sonax и матираниот стар автомобил ќе светне. Процедурата оди во три фази:

1. Прво се користи абаразивна паста и волна за полирање за многу оштетен лак, или пак, фина абразивна паста за помалку оштетен лак со жолт тврд сунѓер. Полирањето почнува со машина со низок број на вртежи околу 800 и поголем притискок, а се завршува со повисок број на вртежи 1.200 и мал притисок.

Меклауд истакнува дека без оглед на можностите на машината максималниот број на вртежи никогаш не треба да се симне под 800 и никогаш не треба да се искачи над 1.400. Полирањето со 2.000 и повеќе вртежи во минута не се препорачува бидејќи може да има контра ефект.

Откако ќе се помине целиот автомобил вишокот средство се отстранува со мека микрофибер крпа. Меклауд има препораки и за користењето на крпата. Вообичаеното превиткување на две или на четири ги открива рабовите на крпата кои можат да ја уништата претходно завршената работа. Затоа краевите на крпата се превиткуваат на внатре и се покриваат со дланката. Така површината која брише секогаш е без рабови.

Автомобилот по оваа прва фаза добил почетен сјај. Тука најчесто се греши бидејќи владе мислење дека ова е доволно. Но, ако се остави така бојата за неколку дена повторно ќе матира.

2. Втора по ред процедура е користење на абразивна политура која е различна од абразивната паста и се нанесува со портокаловиот среден сунѓер. Таа ги рамни нерамнините направени од абразивната паста и ја подготвува површината за следниот потег. Притисокот и бројот на вртежи на машината е секогаш ист наведен во првата процедура. Секако по завршувањето на полирањето вишокот средство се отстранува со мека микрофибер крпа.

3. Третата процедура со која најчесто се завршува полирањето е користење на политура со восок која има минимален ефект на абразивност и со неа се добива максимален сјај и заедно со восокот заштита на лакот. Оваа процедура се работи со бел мек сунѓер со притисок и број на вртежи на машината исто како и кај претходните процедури. На крај остатокот од средството се брише со мека миркофибер крпа.

Процедурите при полирањето и користењето на средствата зависат од оштетеноста на лакот. Малку оштетен лак нема потреба од силен абразив. Најчесто работата може да се заврши со абразивна политура и политура со восок.

За долготрајна заштита се користи тврд восок кој се нанесува рачно, или пак, Nano заштитувач на лакот кој остава екстремно цврст заштитен слој за кого во Sonax даваат една година гаранција.

Но, заштитувањето со Nano заштитувач на лакот е работа за професионалец.  Бидејќи тој ја прекрива каросеријата со екстремно цврст заштитен слој приоритет е претходната подготовка, односно полирањето да биде беспрекорно.

Доколку има грешки во полирањето Nano заштитувачот не ги сокрива. А симнувањето на тој слој е многу тешко. Воедно самото нанесување на Nano заштитувачот си има посебна процедура за која е потребна дополнителна обука.

Кај нас веќе има луѓе од професионалните сервиси кои ја поминале оваа обука, а каде може да ја добиете оваа услуга ќе ве информираат во Атомем. Заштитата на лакот со Nano заштитувачот не е евтино. Не заради цената на чинење на ова средство туку заради целата претходна процедура која мора да се мине дури да се дојде до оваа последна фаза.

Во Sonax знаат дека кај автомобилот не настрадува само лакот. На списокот се наоѓаат стаклата и фаровите, посебно оние од последната генерација прекриени со поликарбонат. За нив заради тврдата структура на материјалот се користи посебен полир за стакло кој всушност претставува хемиско-механичка политура.

Обработката на овие површини се прави со посебен филц кој претходно мора да биде наводенет. Полирањето се врши со машина со 1.000 вртежи и притисок од 10 килограми.

За разлика од полирањето на лакот кое трае околу 60 секунди по површина, полирањето на стаклото трае од 15 до 30 минути во зависност од висината на оштетувањето.    

Горе наведеното се однесува на општиот впечаток од тренингот на Меклауд во Mакедонија и запознавањето со продуктите на Sonax.

За подетални информации најдобро е потенцијалните корисници професионалци, но и оние кои припаѓаат на групата „Направи сам да се обратат до стручниот тим на Атомем или да ја посетат нивната интернет страница.

 

 
Get Adobe Flash player