Get Adobe Flash player

Контрола на течноста за ладење
09.11.2007
testiranje-antifriz.jpgОва е неопходно да се направи за нашиот автомобил да може безболно да го преброди зимскиот период и ниските температури.

Сега кога температурите нагло паднаа е последниот момент кога треба да се провери течноста за ладење односно на колку степени целзиусови под нулата би можела да замрзне.

Секако посетата на сервис за една ваква проверка е неопходна, а таму ќе востановат дали е потребно менување на антифризот или пак треба само да се дополни.

Проверката за ефиксност на антифризот во системот за ладење можете да ја наравите и сами со тестер за антифриз кого можете да го купите во продавница за авто делови. Тетсерот ќе ви каже дали е време за менување или можете да терате уште со истиот антифриз.

Во секој случај доколку антифризот работи подолго од две години во системот за ладење на моторот потребно е да се смени. Ова се препораките на искусните инженери кога станува збор за менување на течноста за ладење.

· Пожелно е пред ставање на нов антифриз системот за ладење да се испере само со чиста вода.

· Препораките на старите мајстори дека е најдобро системот за ладење да се чисти со сода бикрабона треба љубезно да се одбијат. Причина е можност од задржување на супстанцата во некои делови од системот за ладење. Тогаш таа предизвикува пенење на антифризот и го смалува неговиот учинок, односно правилното ладење на моторот.

· Не треба да се мешаат различни видови на антифриз. Мешањето може да предизвика пeнeње и таложење во моторот и ладилникот.

· При дополнување на антифриз внимавајте отворот на садот да биде чист. Можно е насобраната нечистотија да падне во садот и да предизвика пенење. Исто така при мешање на антифриз од ист вид треба да се употребуваат чисти садови од истата причина спомната претходно.

· Антифризот не трпи адитиви, затоа треба да се избегнуваат разните додатоци што повремено можат да се најдат во понуда. Овие средства го реметат балансот на состојките во антифризот и го нарушуваат неговото дејство.

· Треба да се избегнува дотурање на вода лете, а на антифриз зиме. Односно во текот на целата година, доколку има потреба, треба да се дополнува само антифриз од ист вид.

· При менување на антифриз треба да се внимава случајно да не се капне или истури врз лакот на автомобилот. Доколку се случи тоа треба веднаш местото да се испере со вода бидејќи по неколку дена можно е лакот да го изгуби сјајот.

 
Get Adobe Flash player