Збогувањето со SLR неможе и несмее да
биде едноставно. Еден од најексклузивните автомобили на планетава сепак, не
треба тивко да си замине од сцената. Напротив.
Тоа треба да го направи со бум, а во Mercedes и McLaren се чини
дека имаат убав план за една ваква прослава. А планот може да се препознае во
облик на Speedster кој е поставен на основата на ултра
ексклузивниот SLR 722.
И покрај кaмуфлажата во обид да се сокрие автомобилот,
нема двојби дека се работи за отворен двосед кој според контурите напред и
назад, а посебно според кругот во средина на предната маска каде стои
сребрената ѕвезда на Mercedes, наликува на SLR.
Според постоечките информации ќе бидат произведени само
75 примероци од SLR Speedster. Отворениот спортист треба да ги
оживее сеќавањата на сребрениот 300 SLR кого во средина на
педесетите го возеше и со него победуваше легендарниот Стрилинг Мос.
Очекувано на местото од предното стакло SLR Speedster ќе има мал дефлектор,
а откажано е и присуството на клима уредот, тука непотребен, електричните
прозори и слични помагала. Плус со обилно користење на карбон-фибер се
заштедени околу 200 килограми од тежината на SLR.
Заштедата во тежина значи дека SLR Speedster до 300 km/h забрзува
за 26 секунди и достигнува максимални 350 km/h побрзо од
било која изведба на SLR до сега.
SLR
Speedster ќе чини околу 450.000 евра, па кој има или може да ги собере нека повели.
Бришкањето со ветар во коси е загарантирано.
|