Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Нова генерација Chevrolet Lаcetti е на повидок - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Нова генерација Chevrolet Lаcetti е на повидок
18.07.2008
chevrolet-cruze-1.jpgКонкурентот на Opel Astra од соптвениот двор на General Motors е во завршна фаза на тестирање и кога ќе пристигне на пазарот ќе биде вистинско освежување од кое во Chevrolet очекуваат многу.

Наследникот на веќе временскиот Lacetti ќе го носи името Cruze и треба да донесе многу новини од кои најважната е новата платфрома врз која ќе биде поставена и следната генерација на Opel Astra. Токму тоа е причината зошто во Chevrolet полагаат многу надежи во својот нов автомобил.

Cruze доаѓа во форма на класичен седан и во должина се доближува до мерката од 4,6 метри доволно за да понуди пространа кабина и место за превоз на пет патници заедно со нивниот багаж. Сето ова му дава предност во однос на конкурентите од компактната класа во која настапува.

Стартот на продажбата во Европа се очекува некаде на пролет во 2009, а подоцна и на останатите пазари ширум светот и според одговорните во GM, ќе биде најважниот глобален модел на Chevrolet што до сега е претставен. Оваа констатација посебно се однесува на европскиот пазар.

Светот имаше можност да го погледне наследникот на Lacetti, пардона Cruze во форма на концептот WTCC претставен на салонот во Париз во 2006. Cruze би требало да позајми поголeм дел од дизајнерските детали на концептот WTCC.

А доколку тоа е точно и не се работи за шпекулација тогаш несомнено е дека Cruze ќе соборува од нога на прв поглед.

Но, не само на прв поглед. Здравата механичка основа на која е поставен вклучувајќи ја и софистицираната задна оска што ќе ја користи и новата Opel Astra и новата гама на мотори ветуваат дека Cruze нема да биде само визуелен трик, туку дека ќе освојува со содржина.

Голем напредок е направен и во опремувањето на кабината и подигнувањето на квалитетот на вградените материјали. Во GM уверуваат дека купувачите ќе бидат пријатно изненадени кога ќе ги отворат вратите на Cruze и ќе се сместат во некое од седиштата.

Премиерата е закажана за салонот во Париз, а ценовниот ранг ќе се знае кон крајот на годината.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat