Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Нова генерација на Audi A6 Allroad Quattro - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Нова генерација на Audi A6 Allroad Quattro
07.10.2011

Од Инголштад пристигнува информација дека на пролет треба на пазарто да се појави новата генерација на теренската изведеница на новиот А6 која како и до сега ќе го носи името Allroad Quattro.

audi-a6-allroad-quattro-nov-1-2011-1

Иако на пазарот веќе се продава седанот на А6, а наскоро ќе влезе во продажба и комби изведбата на А6, верзијата Allroad Quattro како и до сега доаѓа малку подоцна, а до тогаш останува актуелниот модел од претходната генерација на А6.

Интересно е што бројките од продажбите на Allroad Quattro сеуште се многу високи без оглед на појавувањето на новата генерација на А6 и токму затоа во Audi не брзаат да го сменат моделот.

Ловците на автомобили успеале да уловат и еден од прототиповите кои тестираат некаде на крајниот север на Европа. Моделот целосно е прекриен со тешка и збунувачка камуфлажа, но се гледа дека стои повисоко од обичниот модел.

Дизајнот на новиот А6 Allroad Quattro ги следи смерниците на комбито, но заштитните пластики околу долниот дел на каросеријата и повисокиот став му даваат помоќен настап кој одговара со способностите.

Од Audi ги откриваат и моторите што ќе работат под хауба на А6 Allroad Quattro. Станува збор за еден бензинец и еден дизел во три изведби. Бензинецот е 3.0 литарскиот TFSI V6 кој остварува 300 КС.

Дизелот 3.0 V6 TDI се нуди во изведба со 204 КС која е и најслаба. Следи изведбата со 245 КС која ја претставува средината од понудата. Најмоќна е изведбата со 313 КС која претставува врв во понудата на А6 Allroad Quattro.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat