Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198
Нови детали за Mercedes SL
23.11.2011

После откривањето на системот Magic Vision Control, Mercedes продолжува да открива детали за новата генерација на спортското купе со склоплив цврст кров SL кое треба да се појави до 2013.

merecedes-sl-uloven-1-2011-1

Според информациите кои доаѓаат од Штудгарт при градбата на новиот SL обилно ќе се користи алуминиум заради што автомобилот ќе биде полесен од актуелниот модел за околу 150 килограми.

Дополнително тој ќе носи нова гама на мотори кои ќе бидат помоќни, но поефикасни. Ќе трошат помалку гориво и ќе имаат пониска емисија на издувни гасови.

Се очекуваат 3.5 литарскиот V6 со директно вшприцување, 306 КС и 368 Nm како старт на понудата. Следи 4.7 литарски битурбо V8 со 435 КС и 700 Nm, а врвот од понудата е загарантиран за V12 за кого сеуште ништо не се знае.

Од техничките новини покрај Magic Vision Control во SL ќе се вградува и панорамскиот кров Magic Sky Control кој дебитираше во новиот SLK. Што се однесува до дизајнот Mercedes не отстапува од зададените смерници.

Тоа значи дека и новиот SL ќе ја задржи долгата хауба и кон назад повлечената кабина. Секако ова се генералните линии, но автомобилот носи поелегантно тело од својот претходник сосема нова маска и задник.

Свежиот дизајн на новиот SL ќе биде достојна замена за актуелниот модел кој на пазарот опстојува веќе 10 години, а пред три години доживеа обемен фејслифт преку кого сеуште се одржува во живот.

Сакајќи да навестат што треба да очекуваат клиентите од новата генерација на SL во Mercedes одлучиле да симнат голем дел од камуфлажата на примероците кои тестираат откривајќи убава мета за ловците на автомобили.

Премирата се очекува да се случи на салонот во Женева на пролет, додека продажбите би стартувале до крајот на годината.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat