Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Уловен Porsche Macan - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Уловен Porsche Macan
10.05.2012

Ловците на автомобили за првпат го уловија новиот мал спортски теренец на Porsche за кого одговорните од Цуфенхаузен открија дека ќе го носи името Macan и ќе биде готово следната година.

porsche-macan-uloven-1-2012-1

Помалиот брат на Cayenne е затекнат како тестира паралелно со дарувачот на платформата Audi Q5. Меѓутоа дизајнерите на Porsche на Macan му поклониле сосема различен дизајн кој го става рамо до рамо со Cayenne.

Мacan го краси мускулесто тело со нагласени облини карактеристични за марката. Задникот е малку издолжен, има понакосено задно стакло и браник со интегриран дифузор од каде штрчат две издувни цевки.

Дека Macan ќе биде набиен со висока технологија открива решетката на ладилникот во која е сместен радарот од системот за одржување на растојание од возилото напред.

Сеуште нема прецизни информации за техниката, но се очекува дека под хауба би работел турбо бензинецот од 2.0 литри со околу 220 КС, атмосферски V6 од 3.6 литри со околу 300 КС.

Ќе има и дизели. Најмалиот е 2.0 TDI со 190 КС, а следи 3.0 TDI со 240 КС. Врвот од дизелската понуда ќе биде и 3.0 BiTDI со 313 КС. За Macan Trubo ќе биде обезбеден 3.0 V6 битурбо бензинец со 375 КС и вртежен момент од 542 Nm.

Светската премиера на Macan се очекува да се случи следната година на салонот во Франкфурт, додека комерцијализацијата би почнала во 2014 година. До тогаш очекуваме нови фотографии и подробни информации.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat