Се чини дека дизајнот на Scirocco ќе служи
како инспирација за петата генерација на Polo кое треба
да се појави во продажните салони во текот на следната година.
Виновник за препознавање на стајлингот на Scirocco кај Polo е предната маска
која го напушта досегашниот дизајн со огромна решетка во носот и оди кон нешто
многу поeдноставно со само два хоризонтални отвори меѓу аглестите предни светла.
Визуелно ова е многу подобро. Чистиот дизајн не е
карактеристичен само за маската, туку за целиот автомобил кој делува многу
посериозно од сегашниот модел.
Новиот Polo ќе биде поставен на платформата со кодна ознака PQ25 врз која
веќе лежи Seat Ibiza, што значи дека ќе биде незначително
поголем, но сепак, ќе има повеќе простор во кабината.
Наследникот треба да биде квалитативно подобар од
претходникот. Големо внимание е посветено на изборот на материјали во
внатрешноста, но и на опременоста. Барем така велат во VW.
Под хаубата ќе работи веќе познатата моторна понуда на
бензинци и дизели. Врвот од понудата е резервиран за 1.4 литарскиот TSI со 170
коњски сили кој ќе се вградува во Polo GTi, а најштедливиот Bluemotion ќе има
емисија на СО2 помала од 100 g/km и во просек ќе троши 3,8 литри.
Покрај вообичаената каросериска понуда со три и со пет
врати новиот Polo ќе биде на располагање и како купе-кабрио и како малечок
SUV за кого веќе пишувавме.
|