Германската компанија Eberspасher ги најави
основните начела на кои ќе почива звучниот тјунинг кој ќе му овозможи на
издувот да произведува звук по желба на сопственикот на возилото.
Технологијата се развива со цел да им се додаде малку
звук на хибридните автомобили и на тој начин да се зголеми безбедноста на
пешаците во градовите.
Но, во Eberspacher гледаат многу поширока примена на
оваа технологија пред се како козметички додаток на автомобилите во иднина и
отворање на еден нов правец во тјунингот наречен звучен тјунинг.
Активниот систем за придушување функционира на следниов
начин: Поставени се звучник и микрофон внатре во придушувачки лонец од издувниот
систем што го има секој автомобил.
Звучникот добива сигнал на звук од Контролната единица на
активниот систем за придушување, засилен преку засилувач на звукот. Микрофонот
ја забележува јачината на звукот и носи повртен сигнал до Контролната единица
на активниот систем за придушување, која пак, одлучува дали треба да се засили
или смали сигналот испратен до звучникот, односно јачината на звукот.
На овој начин тивкиот автомобил станува побучен и
позабележлив за средината. Убавината на системот е во тоа што преку Контролната
единица на активениот систем за придушување, сопственикот на возилото може да
испрати сигнал до звучникот каков што посакува.
Воедно системот е дизајниран така што може целосно да го
придуши, да го засили или да го измени звукот. Последново е и најубавата новина
бидејќи специјалниот придушувачки лонец со вградени звучник и микрофон може да
го репродуцира секој звук што ќе посакате, а по желба и целосно да го придуши.
Според потпретседателот на Ebersрacher,
Мартин Ромзек системот ви озовможува целосно да го подесите звукот според
вашите потреби. Лошите звуци можат целосно да се отстранат, а оние милозвучните
да се засилат.
Идејата за еден ваков систем ја зачна Lotus кој на
почетокот од годината претстави сличен, но значително посложен систем. Тој исто
така е создаден со цел да се совлада проблемот на нечујност на хибридните и
електричните автомобили.
И исто така може да имитира звук на било кој мотор. Што
значи дека вашиот хибрид со штедлив малолитражен четирицилиндарец може да звучи
како грлен и моќен V8.
Но, зошто само хибридите да звучат така? Што е фали ако
системот се постави на било која автомобил. Па така на семафор сите ќе го
загледуваат вашиот Fiat 500 кога бревта како спрегнат V8.
|