Get Adobe Flash player

Ford нуди безжичен интернет
28.12.2009

Новата генерација на мултимедијалниот интерфејс на Ford, системот Sуnc добива уште една функција, а тоа е ширење на зона на безжичен интернет пристap Wi-Fi внатре во кабината на автомобилот.

ford-lincoln-mkz-2010-1

За да се појави зона на безжичен интернет во кабината на системот Sync преку приклучокот USB треба да му се приклучи модем 3G и потоа Sync ја испраќа конекцијата до преносните компјутери на патниците.

Новата генерација на системот Sync која е во завршна фаза на развој официјално ќе биде претставена кон средина на 2010 и прво ќе се нуди како сериска опрема кај луксузните модели на Ford на Северно американскиот пазар.

Секако системот ќе биде на располагање и кај останатите модели на Ford, но со доплата од 395 долари. Моделите на Ford кои се продаваат во Европа исто така ќе го добијат Sync. По која цена останува да биде објавено, но сигурно ќе биде поскапо отколку во САД.

Ford првпат го претстави Sync во 2007 првично како систем кој овозможува управување со аудио системот преку гласовни команди и hands free конекција за мобилен телефон.

Следната година системот веќе беше интегриран со управувачката електроника на автомобилот и правеше дијагноза на главните системи автомобилот и во случај на квар, или пак, при несреќа автоматски ги алармираше спасувачките служби.

Во 2009 системот веќе беше интегриран и со сателитската навигација и го информираше возачот за условите на патот, можниот сообраќаен метеж, овозможуваше планирање на најкуса патна рута и ја соопштува временската прогноза.

Сега со интегрирањето на безжичен интернет Sync може да се пофали дека е еден од најкомплетните вакви системи на пазарот.

 
Get Adobe Flash player