|
General Motors ги претставува најновите иновации кои во блиска иднина ќе се применуваат за изработка на Head-Up Display кој информациите ќе ги прикажува на целото предно стакло.

Новиот систем користи ласер кој во магла, ноќе или лоши временски услови на возачот му ја покажува вистинската насока во која се движи патот помагајќи му безбедно на стигне до одредиштето.
Најдобро е што од General Motors истакнуваат дека оваа технологија е многу бликсу до сериско производство и дека наскоро треба да се очекува нејзината примена.
Факт е дека подобрувањето на видливоста во лоши временски услови има голема улога во подигнување на безбедноста и им помага на возачите да возат дури и кога е безмалку невозможно за човечкото око да гледа подалеку од хаубата.
Новиот систем на Head-Up Display користи комбинација од сензори, инфрацрвени камери за да собира информации за збиднувањата што се случуваат пред автомобилот и сликата ја прокетира на предното стакло преку низа од мали ултравиолетови ласери.
Да претпоставиме дека возите во магла, инфрацрвените камери поставени на возилото го идентификуваат работ на патот и информацијата ја пренесуваат до ултра виолетовите ласери кои на предното стакло го бојат работ на патот во вид на светла линија така што возачот секогаш знае каде е работ на патот по кој вози.
Развојот на оваа технологија е дел од заедничкиот проект на кој работат инженерите од General Motors и развојните тимови на Универзитетот во Јужна Калифорнија и на Универзитетот Карнеги Мелон.
Во следната развојна фаза на проектот тимовите ќе се фокусираат на комбинирање на новиот Head-Up Display со сателитската навигација и системот за гледање ноќе Night Vision како и со други технологии засновани на принцип на работа на камера и сензори кои ќе му овозможат на возачот во реално време да биде информиран за абиднувањата на патот.
Новиот Head-Up Display користи транспарентен фосфор вметнат меѓу два слоја на предното стакло кој емитира видлива светлина кога се возбудува од зраците на ултравиолетовиот ласер прикажувајќи ја линијата на работ од патот.
Оваа технологија дозволува целото предно стакло да игра улога на Head-Up Display, место ситното прозорче кое се прикажува кај актуелните системи. Воедно технологијата дозволува одлична видливост во сите светлосни услови дури и при директно сонце што е уште една слабост кај сегашните системи.
Заради големината на предното стакло новиот Head-Up Display дозволува на него да бидат прикажани пречки, пешаци и животни крај патот кои ги детектираат сензорите и камерите, а се надвор од видното поле на возачот.
Уште една можност на новиот Head-Up Display е да ги чита патните знаци како Opel EYE системот информирајќи го возачот за евентуални крстосници, ограничувања на брзината, знаци за предупредување, работа на пат.
Воедно системот врзан со сателитската навигација овозможува навремено информирање на возачот каде и кога треба да сврти и за евентуалниот сообраќаен метеж и најкусата и најштедливата маршрута.
Користењето на една ваква технологија е нешто што возачите со нетрпение ќе го очекуваат, но иако од General Motors наведуваат дека примената е бликсу, сепак, неможе да се очекува дека ќе влезе во серија пред 2015.
|