Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Тест: Fiat Fiorino Cargo 1.3 MJTD Base - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Тест: Fiat Fiorino Cargo 1.3 MJTD Base
09.07.2009
fiat-fiorino-1.3-mjtd-base-1.jpgЗдружувањето на Fiat и на PSA Peugeot и Citroen при создавање на лесни комерцијални возила повторно се покажува како добитна комбинација од која на крај најмногу профит извлекуваат купувачите.

Најавени уште од есента 2007 тројката малечки ванови со нетрпение ја очекуваа бизнис клиентите. Прво, заради до сега докажаниот квалитет на возилата што излегоа како заеднички продукт на двете групации, а второ заради шик дизајнот кој денес е пресуден доколку сакаат да се привлечат купувачи.

Испакнатата муцка, веселите светла, огромното предно стакло совршено се вклопуваат во кубичната форма пресудна за создавање на голем простор во кабината и товарниот простор. Чувството на просторност во должина од само 3,86 метри навистина е импресивно.

Fiorino воедно го краси ретро беџот на Fiat на хаубата и голема алуминиумска лајсна која ја разбива монотонијата на масивниот црн браник. Во комбинација со металната темно сина боја малечково навистина привлекува без оглед што станува збор за товарна варијанта.

Кабината има место само за возач и совозач простор има доволно и по ширина и во висина. Должината е ограничена од цврстата преграда зад која се наоѓа товарниот простор. Без оглед на металната преграда, внатре, ниту од далеку не е клаустрофобично, напротив. Ограничениот простор по должина во Fiаt го решиле едноставно. Седиштата се поставени прилично високо, па така простор за нозе не недостасува. Своевиден компромис. Но, како и секој компромис јавува недостатоци.

fiat-fiorino-1.3-mjtd-base-2.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 
Симпатичната предница е највпечатливиот дел од автомобилот која привлекува со издолжената муцка

Високото седење во седиштето кое нема можност за местење по висина ги заморува нозете. Пред се десната нога на возачот чие стопало мора постојано да е врз педалот за гас. Седечката површина поради својата висина оздола притиска врз бутината на десната нога. Или да ја свртиме работата. Десната нога постојано мора да притиска врз седиштето и да го совладува отпорот од сунѓерот што по некое време станува заморно и трпките се неизбежни. Ова во град за каде Fiorino првенствено e наменет не се забележува, но на подолги патувања проблемот се забележува веќе по стотина километри.

Кабината покрај што треба да овозможи чувство на пространост и удобност кај едно комерцијално возило треба да е прилично практична. Тоа е посилната страна на Fiorino. Отвори за оставање на ситници има расфрлано на секаде, доволно за секое парче хартија, документ, опрема потребно за реализирање на секојдневните задачи да го најде своето место. Простор има доволно дури и под седиштата до кого се пристапува со нивно поместување во крајна предна положба. Таму дури може да собере и канта од дваесетина литри или алат, што воопшто не е за потценување. Воедно тешките предмети со метална преграда се обезбедени да не се стркалаат кон нозете на возачот и совозачот. Замерката би отишла кон отсуството на затворена преграда барем пред нозете на совозачот. Бидејќи има документи кои треба да бидат скриени од погледите на минувачите.

fiat-fiorino-1.3-mjtd-base-3.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 
Инструментите се превземени од Grande Punto. Патниот компјутер ги прикажува основните информации

За товaрниот простор нема што да се раскажува. Можеби само констатација дека навистина собира многу. По најава дека во редакацијата на тест ќе дојде Fiat Fiorino почна размислувањето како да се искористи неговиот товарен капацитет и што се случува кога малчкиов превозник ќе се оптовари. Во Fiat велат дека може да носи 610 kg и дека товарниот простор има димензии од 1,57 m должина, 1,18 m висина и 1,04 m ширина меѓу тркалата. В ред. Резервоар за вода со зафатнина од 1.000 литри со димензиите би требало да заврши работа. Доколку ова кабасто чудо го собере во товарниот простор тогаш Fiorino добива преодна оценка. И... Погодувате? Ја доби. Го собра „кнап”. Но, сепак го собра. Ова беше само дел од опитот, бидејќи резервоарот сам по себе не тежи повеќе од педесетина килограми. Значи потребно е оптоварување. В ред. Цревото, и го наполнивме со вода. Тристотини литри ќе завршат работа. Сепак, водевме сметка, а целта не беше да се претоварува. 

Како ќе се носи докажаниот трубо дизел 1.3 Mjet со прилично оптоварено возило од преку 500 kg вклучувајќи ги возачот и совозачот. Посебно кога по претходното возење празен веќе знаеме што да очекуваме. Дилемата беше разбиена веднаш. Во град му нема рамен. Без оглед на оптоварувањето стартот на семафор до брзина од 60 km/h е подобар од очекуваното. Секако јасно се гледа дека моторот мора да работи повеќе бидејќи влече повеќе, но дека товарен Fiorino се претвора во полжав е далеку од вистина.

Малите димензии и релативно малиот радиус на вртење од 9,5 метри му овозможуваат да се протне и во најтесните улици и да се паркира на парче простор кое останатите го одминуваат вртејќи со глава.

Супер. А сега: Што се случува кога Fiorino дадениот товар го вози на отворен пат и треба да го качи на планина? Уште едена дилема за разбивање. Патувањето на автопат е едно пријатно доживување. Моторот е тивок, во кабината разговорот се води без повишување на глас. Лесно ја одржува патната брзина дури и кога е малку повисока од ограничувањето на автопат. Едноставно на пат заборавате дека под хаубата работи 1.3 литарец и дека возилото е оптоварено. Единствено тежината се чувствува кога ќе дојде ред да се сопре. Но, тоа е нормална реакција. И не е недостаток туку својство.

fiat-fiorino-1.3-mjtd-base-4.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 
Облогата на вратата е рамна одзгора и има дополнително место за ситници. Отворот долу собира уште повеќе, плус шише

На ред доаѓа планинската делницата. Fiorino качува во еден здив. Дури и онаму каде што сметате дека мора „втора оди со „трета. Но, не треба да се претерува во барањата и да се очекуваат чуда. Предвидувањето на деловите од патната делница е неопходно и навременото префрлање во понизок степен приоритет. Тогаш Fiorino вози прилично живо.

Откако ќе се истовари „робата и дома Fiorino оди празен возачот по завршената работа може малку да си даде одишка и да ужива во возењето. Fiorino се однесува неутрално. Очекувано ако се знае дека е поставен на пренаменета платформата на Grande Punto. Без оглед на високата каросерија способноста за сoвладување свијоци изненадува. Навалувањето е минимално. При претерување нагласува подуправливост која лесно се контролира. Ова посебно се забележува на влажен асфалт кога јавува и проблем со тракција. Проблемот се адресира до гумите од товарна програма и нивните димензии 185/65 R15 кои одговараат за носење товар не за бришкање по свијоци.

Веднаш по Fiorino ja возевме патничката верзија Qubo за која Fiat вели дека механички е идентична, но носи гуми Bridgestone Turanza 195/55 R16 на леснометални бандажи и не јавува подуправување и проблем со тракција. Но, повеќе за него наскоро.

fiat-fiorino-1.3-mjtd-base-5.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 
Длабок отвор од мазна пластика место радио. Од тука предметите лесно лизгаат при тргнување. Исто и од отворите озгора. Се работи за комерцијално возило. Треба да се има на ум дека компанијата сопственик можеби не сака да потроши на радио за што во основа и е отворот. Затоа поставување парче евтина гума нема да го чини производителот многу, но ќе заврши многу работа

Во целост Fiorino нуди пријатно совладување на километрите. Одличен е на пат, уште подобар низ град. Жив, штедлив, тивок, практичен. Вистински мал превозник способен да ги исполни предизвиците исправени пред него. Очигледно е дека при креирањето конструкторите на ум ги имале секојдневните потребите на стопанствениците. Сепак, можеле да бидат малку подарежливи во опремувањето.

Јасно е дека станува збор за основен модел, но веруваме дека сериски клима уред би го направил животот полесен на оние што везден ќе седат во кабината на Fiorino и секако ќе допринесе за безбедноста. Совесните стопанственици веруваме дека ќе се одлучат за оваа опција со цел создавање пријатна работна средина за своите вработени.

Основна цена: 11.450 евра

Сериска опрема: ABS, серво волан, местење на волан по висина, припрема за радио, воздушно перниче за возач, метална преграда на товарниот простор, резервно тркало во полна големина.

 Fiat Fiorino Cargo 1.3 MJTD Base
 Мотор  Дизел
 Распоред на цилиндри   Реден
 Број на цилиндри   4
 Вентили  4 на цилиндар
 Брегасти вратила   2 во глава на мотор
 Зафатнина (cm3)  1248
 Моќност kW (KS)/вртежи  55(75)/4000
 Вртежен момент Nm/вртежи  190/1750
 Менувач  5-степен мануелен
 Погон  Напред
 Сопирачки напред
 Вентилиран диск
 Сопирачки назад   Барабан
 Гуми   185/65 R15
 Багажен простор (l)  2.500
 Резервоар (l)  45
 Д/Ш/В (mm)  3864/1716/1721
 Меѓусокино растојание (mm)   2513
 Тежина на празно возило (kg)  1165
 Носивост (kg)   610
 Максимална брзина (km/h)    157
 Забрзување 0-100 (km/h)    - sec. 
 Забрзување од место 1 km
 - sec.
 Потрошувачка (l)  5.7/3.8/4.5
 Емисија СО2 (g/km)  119
 Цена на тест возило
 11.450 евра

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat