Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Тест: Lancia Ypsilon 1.2 Platinum - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Тест: Lancia Ypsilon 1.2 Platinum
20.03.2012

Најмалиот автомобил на Lancia доаѓа како вистинско освежување во понудата на италијанската марка и што е најважно Ypsilon за првпат во историјата на моделот доаѓа во изведба со пет врати.

lancia-ypsilon-test-vozi-1-2012-1

Модерната Lancia Ypsilon се појави во 1996 година како наследник на успешниот Y10 кој се одржа на пазарот цели 11 години (1985 – 1996) само со еден фејслифт во 1990 година. Новата ера во која моделот го смени името во „Y” донесе и нова идеологија, па така првата генерација на Ypsilon стана премиум мал автомобил со впечатлив дизајн и луксузно уредена внатрешност во која преовладуваат скапи материјали. Првиот Ypsilon ги постави и основите на дизајнот на арматурната табла со инструменти поставени на средина, знак на препознавање од кого не бега ниту најновата, трета, генерација.

Lancia Ypsilon од секогаш носела три врати, но сега тоа се менува и моделот станува попрактичен заради вториот пар врати кои го олеснуваат пристапот до задната клупа. Дизајнерите сепак се потрудиле да ги задржат основните смерници на страничната линија на Ypsilon и затоа визуелно ги сокриле задните врати. Гледано од страна Ypsilon повторно личи на високо купе. Претопувањето на задните врати е изведено совршено, a ги издаваат само кваките поставени високо каде што се спојуваат оквирните линии на страничните стакла. Нема двојби дека Ypsilon е впечатливо парче автомобил кое неможе да мине не забележано. Чувството за естетика на италијанските дизајнери при преплетувањето на лачните линии со облините е доведено до совршенство на кое се надоврзуваат и 16-те внимателно избрани бои од кои четири се двобојни.

lancia-ypsilon-test-vozi-2-2012-1

Комплексните линии и прекршувања на задникот откриваат дека дизајнерите биле силно инспирани кога ја создавале Lancia Ypsilon

Едноставно Lancia Ypsilon залепува од прва и ги напаѓа сетилата кои продуцираат желба да се поседува по секоја цена. Желбата станува уште посилна кога ќе се влезе во кабината. Подеднакво освојува и вниманието за детали како што се пијано лак финишот на централната конзола, материјалот за обложување на арматурата и вратите, седиштата во комбинација на такенина и кожа со релјефни елементи и нагласени шевови. Кабината делува скапо и добро склопена со што се оправдува настапот во премуим сегментот. Единствено естетиката ја нарушува таблата со инструменти. Нуди многу повеќе информации до претходно, инструментите со хромирани прстени и ретро графика се убави, но е гломазна и аглеста и делува како да е вештачки насадена во царство каде владеат облини.

Задоволувањето на естетските норми го ограничило просторот во кабината. Напред нема замерки, возачот и совозачот имаат доволно простор, но одзади сликата се менува. Задната клупа е тесна, има куса седечка површина и на неа можат да се сместат само двајца патници. Погодна е за куси релации. На долг пат почнуваат болки во потколеницата посебно кај повисоките патници. Предност е можноста за преклопување на потпирачот во сооднос 50:50 со што се зголемува употребливоста на багажникот чии 245 литри волумен влегуваат во просекот на сегментот. Доволно е за да се сместат намирниците од пазарењето, багажот за викенд, или пак, багажот на двајца за на одмор. Седиштата делумно обложени со кожа Romantic Gold Marrone за која во пакетот Platinum се доплатуваат 80 евра се рамни, не го држат телото кое во свијоци се лизга на рамната површина, но затоа личат убаво. Приоритет кога станува збор за Lancia Ypsilon.

lancia-ypsilon-test-vozi-3-2012-1

Арматурата е масивна, но сепак, делува складно. Доживувањето го расипува само аглестата кутија каде се сокриени инструментите

Меѓутоа не е се потрошено на дизајнот. Lancia Ypsilon не настапува само како убаво спакуван парфем. Протнувањето низ градскиот метеж и низ тесните улици е игра. Паркирањето исто така, но задникот бара навикнување. Прегледноста ја ограничува масивниот заден носач и високо кренатата линија на појасот. Работата ја олеснуваат сензорите за паркирање одзади кои во Platinum доаѓаат сериски. Проверениот бензинец од генерацијата Fire од своите 1.2 литри извлекува 69 КС кои се и повеќе од доволно да го туркаат Ypsilon во секојдневието. Работата со менувачот е интуитивна бидејќи е поставен високо на централниот гребен, штрчи на само неколку сантиметри од воланот и при брзо префрлање знае да запне. Преносните односи се долги, заради што страда забрзувањето, но профитираат потрошувачката и џебот на сопственикот во прв план. Во втор план профитираат возните карактеристики на отворено. Долго пресметаните преносни односи го намалуваат бројот на вртежи, а со нив и бучавата.

Во „втора” 1.2 литарецот го забрзува Ypsilon скоро до 100 km/h, a во „трета” може да скокне до 140 km/h што годи кога се вози низ свијоци. Во „петта” на автопат при 120 km/h бројот на вртежи е околу 3.000 врт/мин кога се остварува и највисокиот вртежен момент од 102 Nm. Тогаш звукот на моторот воопшто не продира во кабината и се слуша само струењето на ветарот. Во најдобрата традиција на Lancia моторот јавува глад за вртежи. Нема негодување и пад на моќноста ниту кога се држи во гранично подрачје. Весело ја прифаќа наредбата од педалот за гас и што е подеднакво важно одлично звучи и мами да се држи во горното работно подрачје. Секако ова оди во прилог само кога од него се бара максимумот или кога под оптоварување се качува на планина. Пристојни перформанси се испорачуваат и при средни вртежи, но возачот мора да заборави на нагли забрзувања и да навикне дека брзината се набира постепено, а откако ќе се достигне лесно се одржува.

lancia-ypsilon-test-vozi-4-2012-1

Воланот обложен во кожа со нагласени шевови делува скапо. Веднаш до него е рачката од менувачот која стои високо и го олеснува пребарувањето низ степените

Стегнатото подвозје одлично излегува на крај со високата каросерија. На пат e мирен дури и при високи брзини. Се бунтува само при страничен ветар и кога ќе наиде на надолжни канали во асфалтот. Тогаш бара зголемено внимание. При минување преку напречни нерамнини и ударни дупки посткокнува, но останува мирен. Ова делумно се должи и на гумите со димензија 195/45R16. Нискиот профил годи во свијоци каде Ypsilon е предвидлив. Навалувањето на каросеријата не е нагласено и при претерување место да подуправува, лизга странично преку сите четири тркала. Задникот останува мирен и го следи носот местејќи се на вистинската линија за напуштање на свијокот. Ypsilon лесно се држи под контрола токму заради гумите со низок профил. Единствениот расипувач на забавата е управувањето кое прилично ги изолира предните тркала и не пренесува информации за тоа што се случува со нив. Иако има модус City кој дополнително ја зголемува асистенцијата на сервото во град и е осетливо на брзина, сепак е бесчуствително. Но, откако ќе се стекне навика, управувањето неможе да ја расипе желбата да се бришка низ свијоци и задоволството од процесот што го нуди Ypsilon.

Иако не е спринтер и не е наменета за возење на нож Lancia Ypsilon го наследува тркачкиот дух на марката која славата ја стекнуваше на светските релија. Дел од тој дух провејува и низ Ypsilon. Но, ова е коментар за тоа што може да го стори Ypsilon, поголемиот дел од сопственици нема да го бараат максимумот од возната динамика и перформансите. Нема да се обѕрнуваат ниту на ограничениот простор одзади. Ним им е поважен шармот, единствениот стил во настапот кој никого не го остава рамнодушен и мами воздишки секаде каде што ќе се појави. Lancia Ypsilon е како сакап парфем, мало пакување со богата содржина. Премиум парче за модерни „типки” и „типчиња”, млади по дух и со префинет вкус.

Основна цена: 15.300 евра

Сериска опрема: ABS, Start&Stop, 4 воздушни перници, серво управување со City модус, електрика на стакла, електрика на ретровизори со греење, централна брава со далечинско, автоматски двозонски клима уред, аудио систем со 6 звучници, патен компјутер, светла за магла, кожен волан и менувач, сензори за паркирање, сензори за дожд, темпомат.

Дополнителна опрема: двобоен метален лак 900 евра, кожени седишта Romantic Gold Marrone 80 евра.

Smile Проверен економичен мотор гладен за вртежи, квалитетни материјали, добра завршна обработка, единствен дизајн, добри возни карактеристики, шик настап.

Frown Тесна задна клупа,  бесчуствително управување, менувачот запнува при брзо префрлање, осетлива на страничен ветар, седиштата не држат во свијоци.

Lancia Ypsilon 1.2 Platinum
Мотор Бензин
Распоред на цилиндри Реден
Број на цилиндри 4
Вентили 2 на цилиндар
Брегасти вратила 1 во глава на мотор
Зафатнина (cm3) 1242
Моќност kW (KS)/вртежи 51(69)/6000
Вртежен момент Nm/вртежи 102/3000
Менувач 5-степен мануелен
Погон На предни тркала
Сопирачки напред
Вентилиран диск
Сопирачки назад Барабан
Гуми 195/45R16
Багажен простор (l) 245
Резервоар (l) 40
Д/Ш/В (mm) 3842/1676/1666
Меѓуоскино растојание (mm) 2390
Тежина на празно возило (kg) 965
Носивост (kg) 480
Максимална брзина (km/h) 163
Забрзување 0-100 (km/h)
14.5 sec.
Забрзување од место 400 m
- sec.
Потрошувачка (l) 6.4/4.1/4.9
Емисија СО2 (g/km) 115
Цена на тест возило
16.280 евра

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat