Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Тест: Nissan Murano 2.5 dCi LE - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Тест: Nissan Murano 2.5 dCi LE
27.05.2012

Луксузот си е луксуз и секаде би требало да биде ист. Но, секогаш не е така. На пример идејата за луксуз кај американците и кај европејците не е иста, посебно кога станува збор за автомобилите.

nissan-murano-test-vozi-1-2012-1

Но, работите понекогаш се испреплетуваат. Барем кога станува збор за Murano, луксузниот кросовер на Nissan којшто првенствено е создаден за американските купувачи и за кого се сметаше дека не би бил интересен за Европа, не толку заради дизајнот колку заради моторната понуда. Моќниот 3.5 литарски V6 бензинец во Европа, која е наклонета кон штедливите дизели, важи за растрошник. Меѓутоа при редизајнот на Murano, инженерите на Nissan одлучија под хауба да го сместат модернизираниот 2.5 литарски турбо дизел којшто генерира 190 КС и 450 Nm и е познат од пикапот Navara и теренецот Pathfinder.

nissan-murano-test-vozi-2-2012-1

Задните светла ги сочинуваат светлечки диоди кои штедат енергија, а стоп светлото има побрз одзив откако ќе се притисне сопирачката

И одеднаш работите се сменија. Европјаните се свртеа кон Murano. Покрај дизелот Murano носи нешто многу поважно. Единствен стил и препознатлив имиџ кој го прави толку посебен што отксокнува за цела глава над конкурентите од стариот континент. Нема сомневање дека со Murano ќе бидете забележани. Пред се заради лутата муцка со намрштени светла исполнети со тројни проектори кои заедно со хромирана маска се претопуваат во истурениот преден браник, чиј отвор личи на челуст и го прави да личи како вонземјанин. Непознато суштество дојдено на планетата земја за да сее страв.

Покрај со впечатливиот настап Murano освојува и со бруталниот звук кој излегува од двете хромирани издувни цевки и му дава препознатлива нота. Моторот има голема моќ на повлекување и преку автоматскиот менувач со шест степени на пренос и погонот на четири тркала лесно го придвижува два тона тешкиот кросовер. Силното притискање врз педалот за гас го вклучува системот кикдаун, менувачот префлра во понизок степен соодветен на брзината на движење и седиштето силно почнува да притиска врз грбот. Забрзувањата се силни, но не се брутални како што би се очекувало според сценскиот настап. Можеби за нијанса помоќен мотор би дал посоодветна компарација со надворешниот изглед.

nissan-murano-test-vozi-5-2012-1

Трите проектори во предните светла прават Murano да личи демонски. Биксенон технологијата доаѓа сериски

Меѓутоа идејата врз која е создаден Murano не е да соборува брзински рекорди. Тој е наменат за удобно крстосување на долги патеки кога моторот работи смирено во најдолгиот степен на пренос и во кабината владее тишина, а пејсажот се менува како слика на ТВ. Најдобро е кога брзината се набира полека и се почитуваат ограничувањата. Тогаш наградува и со потрошувачката од малку над 8 l/100 km, вредност која се смета за пристојна за еден ваков колос. Не му пречат ниту високите брзински просеци. И на максимум останува мирен и вози со голема доза на сигурност. Комфорот е полн и при ваков начин на патување, но се коси со идејата за Murano.

Сигурноста која ја влева раѓа желба кај возачот да вози остро, а понекогаш и да форсира, посебно низ свијоци. Заклучокот е, подобро таа желба да се остварува со друг посоодветен модел на Nissan кој влегува во ценовниот ранг, како на пример 370 Z. Не затоа што Murano е лош, туку затоа што бара многу напор. Тежината од 2 тона се чувствува во секој свијок, а воланот треба цврсто да се држи за да се сочува посакуваната линија. Тука не помагаат ниту бандажите од лесен метал од 20 инчи и гумите 235/55. Притоа воланот пренесува вибрација од надворешното тркало кое трпи најголемо напрегање во свијок.

nissan-murano-test-vozi-3-2012-1

Арматурната табла во Murano го открива богатството од опрема и високиот квалитет на изработка

Реакцијата се јавува заради конструкцијата на предната оска од типот McPherson со долна напречна водилка и опружна нога. Конструкцијата е масивна и е доволна за да ги издржи напрегањата, но сепак, една водилка неможе да ја поништи вибрацијата. Затоа панданот кој доаѓа од Infiniti напред носи две напречни водилки исто како и европските конкуренти. Сепак, возачот треба навистина да претера за да ја почувствува реакцијата. Што повторно се коси со идејата за Murano. Од друга страна задната оска секогаш останува мирна благодарение на конструкција мултилинк и влева доверба дури и ако возачот се одважи да вози на нож.

Но, кому му е потребно сето тоа кога може да ужива во салонот поставен со мека кожа и опремен со греени фотелји место седишта кои се местат електрично. Да слуша музика која извира од 10-те звучници на премиум аудиото на специјалистот Bose, посебно скроено за во кабината на Murano и да ја следи рутата воден од системот за навигација со 7 инчен екран од течни кристали остелив на допир преку кого се управува со интегрираните системи. Задната клупа повеќе личи на тросед. Скапо парче мебел кое го менува аголот на потпирачот и се грее исто како и предните седишта за патниците одзади да неможат да упатат забелешки.

nissan-murano-test-vozi-7-2012-1

Екранот од течни крстали осетлив на допир е мултифункционално парче технологија каде покрај навигацијата со лесно читлива графика може да биде претставена и потрошувачката

При патување нивниот поглед немора да биде насочен напред и настрана. Може да се следи и патот на облаците преку дводелниот стаклен кров чиј преден се отвора. Доколку здодее и оваа варијанта тогаш забавата продолжува со вклучување на системот DVD. Момент што ќе знаат да го ценат пред се малите немирковци врз кои долгите патувања оставаат најголема трага. Додека на отворено вози со полн комфор протнувањето низ град бара зголемено внимание, посебно кога се во прашање тесни улици и паркинг места.

За да се сочува скапоцениот лак на браниците Murano e опремен со две камери. Една за возење наназад и една поставена во ретровизор која дава слика за до каде досега десното крило напред, заедно со работ на браникот и тркалото. Оваа е згодно како за маневрирање во тесен простор низ град, така и за на терен. Можеби звучи чудно едно луксузно парче автомобил да се одведе надвор од асфалт и да се пикне во кал. Но, Murano е кросовер и теренот за него не е непознаница. Секако не треба да се очекува да се качува како дивокоза во стил на Navara, но може да совладува умерен терен, а со заклучувачот на диференцијал знае да изненади и на места каде теренот и не е толку умерен.

nissan-murano-test-vozi-6-2012-1

Со преклопување на задната клупа багажникот на Murano од основни 402 нараснува на 1.392 литри

Murano e американец испратен да ја освои Европа и да ги навлече пресметливите европјани на раскош. Со себе носи уникатен шарм сокриен во тело на моќник на кого тешко се одолева. Секоја акција во него, па дури и местењето на воланот по висина и длабочина, се случува преку притискање на копче. Нешта на кои човек лесно се навикнува. Се што може да посака клиентот доаѓа сериски. Се доплаќа само за лак кој неможе да се изгребе. Токму во опременоста се сокрива предноста во однос на конкуренцијата. Едноставно, олицетворението на американскиот луксуз маѓепсува. И кој може да каже дека и европјаните неможат да се разгалат.

Основна цена: 67.900 евра

Сериска опрема: ABS + EBD, ESP, 6 воздушни перници, серво управување, електрика на стакла, затемнети стакла со UV филтер, електрика на предни седишта со меморија и греење напред и назад, електрика на ретровизори со греење и склопување, централна брава со далечинско, отклучување/заклучување и стартување без клуч, автоматски двозонски клима уред со филтер за полен, кожен ентериер, аудио систем со 10 звучници од Bose, Bluetooth, USB + AUX, систем за забава со DVD назад, навигација, камера за паркирање назад и од страна, ограничувач на брзина, темпомат, сензори за светла и дожд, дводелен панорамски кров, кровни носачи, биксенон предни светла со прскалки, светла за магла, леснометални бандажи од 20 инчи, хромирани детали.

Дополнителна опрема: лак што неможе да се изгребе: неметален 1.200 евра, метален 1.500 евра.

Smile Луксузно уредување, уникатен имиџ, богатство од опрема, квалитет на изработка, тивка кабина, огромна доза на комфор.

Frown Маневрирањето во тесно бара зголемено внимание, моторот би можел да биде помоќен, а потпирањето напред да има двојна водилка.

Nissan Murano 2.5 dCi LE
Мотор Дизел
Распоред на цилиндри Реден
Број на цилиндри 4
Вентили 4 на цилиндар
Брегасти вратила 2 во глава на мотор
Зафатнина (cm3) 2488
Моќност kW (KS)/вртежи 140(190)/4000
Вртежен момент Nm/вртежи 450/2000
Менувач мануелен
6-степен автоматик
Погон На четири тркала
Сопирачки напред
Вентилиран диск
Сопирачки назад Диск
Гуми 235/55R20
Багажен простор (l) 402/838/1392
Резервоар (l) 82
Д/Ш/В (mm) 4860/1885/1720
Меѓуоскино растојание (mm) 2825
Тежина на празно возило (kg) 1950
Носивост (kg) 545
Максимална брзина (km/h) 196
Забрзување 0-100 (km/h)
10.5 sec.
Забрзување од место 1 km
- sec.
Потрошувачка (l) 10.8/6.8/8.0
Емисија СО2 (g/km) 210
Цена на тест возило
67.900 евра

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat