Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Тест: Nissan Navara 2.5 dCi LE - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Тест: Nissan Navara 2.5 dCi LE
30.08.2011

Најпродаваниот пикап во Европа, Nissan Navara минатата година темелно беше освежен со цел да го задржи вниманието на пребирливите купувачи од Стариот континент и повторно да ги победи конкурентите.

nissan-navara-test-vozi-1-2011-1

Кога се во прашање современите пикапи факт е дека во Европа владее големата јапонска тројка Nissan Navara, Mitsubishi L200 и Toyota Hilux и жестоко се бори за секој европски купувач. Меѓутоа на пребирливите европјани најмногу им се допаѓа Nаvara. Можеби заради комфорните детали како кожен ентериер, електрика на седишта, навигација со премиум аудио систем на Bose, камера за возење наназад... Овие елементи се дел од највисокото ниво на опременост LE за кое би помислиле дека не оди премногу со работничкиот карактер на Navara. Но, не е така. Статистиката вели дека купувачите најмногу ја сакаат најопремената варијанта со двојна кабина.

Обновената Navara останува актуелнa до појавување на новата генерација со помош на понабабрената хауба, редизајнираната маска и заоблениот браник. Делува освежено и е подолга за 80 mm. Одзади сменет е браникот кој сега е покоцкест и помасивен. Малите измени го подобриле и коефициентот на отпор на воздух, а со него и потрошувачката и бучавата. Сепак е задржан ликот на робусно возило кое може многу повеќе и подолго да одолева на предизвиците пред кои сопственикот е подготвен да го исправи. И тоа го прави со стил.

nissan-navara-test-vozi-2-2011-1

Товарниот простор по дименизи на отскокнува од класата

Деталите како стилизирани кровни носачи од масивни цевки, хромирана маска и куќишта од ретровизори со интегрирани трепкачи, леснометални бандажи од 17 инчи, хромиран заден браник и темните стакла го претвораат горостасот од 5,3 метри во луксузен работник. Грижата за детали продолжува и внатре. Индикатор за луксузно уредување е кожа на седиштата и облогите на вратите прошиена со шевови со бел конец. Со кожа се обложени и воланот, рачката од менувачот и рачката од рачната сопирачка и имаат нагласените коси шевови. Тука намерно не е користен бел конец за да не делуваат премногу китнесто.

Хром обилно е користен и во кабината. Во очи паѓаат масивните хромирани рачки за отворање на вратите, хромираните прстени околу инструментите со кристален лик изработени по технологија Fine Vision, хромираната рамка околу длапките за чаши на централниот гребен, хромираните прстени околу вртливите копчиња и хромираното копче од рачната сопирачка. Технологијата Fine Vision овозможува да бидат осветлени и групата копчиња на волан, оние лево од него и оние на вратите и допринесува за побогато визуелно доживување ноќе.

nissan-navara-test-vozi-3-2011-1

Уредување како во лимузина. Масивната арматура одговара со карактерот на Navara

Пластиката во кабината е цврста, квалитетна, делува скапо и одговара на намената, бидејќи во работни улови мекиот полиуретан брзо би се оштетил. Арматурата е масивна со огромна централна конзола со екран од течни кристали осетлив на допир, команди од навигацијата, аудиото и клима уредот. Пред рачката од менувачот, се копчињата од греењето на предните седишта, копче за исклучување на ESP и вртливото копче за избор на пренос. Централниот гребен е масивен и под него се наоѓа менувачот со редуктор и централниот диференцијал.

Огромната кабина овозможува удобен претстој на возачот и уште четири патници. Место има во изобилие, но назад пречи ниско поставената клупа и исправениот потпирач. Се седи ниско со високо подигнати коленици и на долги патувања се јавува болка во подколениците. Задната клупа се преклопува во сооднос 60:40 и тука почнуваат игрите. Се преклопуваат и потпирачите и седечката површина и така се ослободува многу простор. Под неа се сокриваат кади покриени со мрежа. Предметите што не се осетливи на временски влијанија или не ги собира внатре одат во товраниот простор со гумена заштита на шините и подвижен механизам за прицврстување.

nissan-navara-test-vozi-4-2011-1

Групата копчиња пред менувачот се потешко достапни. Вртливото за избор на погон е малку настрана

Navara делува импозантно. Со неа може да заминете на театар, да се впуштите во најголемата авантура во животот и да работите успешно. Дименизите ја огрничуваат употребливоста во град. Секој маневар бара внимание. Прегледноста е добра. Напред заради коцкестата хауба, а одзади заради големите ретровизори во кои јасно се гледа крајот на товарниот простор. Работата ја олеснува камера за возење наназад која дава широк поглед на ситуацијата зад возилото. Проблемот со димензиите се јавува и на терен, посебно кај нас, каде треба да се протнувате низ тесни шумски патчиња, најчесто обраснати со трње кое безмилосно знае да го изгребе лакот. Кога ќе излезе на чистина Navara влегува во елемент.

На терен е незапирлива. Без оглед каде ќе ја фрлите, мокра трева, чакал, сипар, кал, вода излегува како победник. Аголот на пристап од 30˚, клиренс од 231 mm, редуктор и заклучување на заден диференцијал извлекуваат од секаков предизвик. Треба да се внимава на аголот на прекршување од 22˚ заради меѓуоскиното растојание од 3.200 mm и на аголот на напуштање од 24˚ заради товарниот простор што штрчи. Ако овие елементи се земат предвид тогаш проблеми на терен ќе нема. Онаму каде што еден SUV паѓа на тест, преоѓањето преку т.н. твистер, Navara го минува како детска игра. Без оглед кое тркало е во воздух заклучениот заден диференцијал не дозволува пролизгување, вртежниот момент го префрла подеднакво на двете тркала и тоа со подобра тракција извлекува.

nissan-navara-test-vozi-6-2011-1

Електричното местење на седиштата е прецизно и овозможува наоѓање на идеална седечка положба

Не се проблем ниту стрмни долги нагорнини. Кога преку редукторот моќниот 2.5 литарец ќе ги испрати своите 190 КС и 450 Nm до сите четири тркала Navara може да се качува бесконечно долго без да и снема здив. При спуштање со избор на редуциран прв степен на пренос лази и не и требаат системи за ограничување на брзината управувани од електроника. На возачот му останува само да управува и да и верува на добрата стара механика. При на стрмна надолнина треба да се внимава на една карактеристика на современите дизели. Доколку по долго возење на терен резервоарот е подиспразнет моторот може да остане без гориво, кое се спуштило во предниот дел од резервоарот и заради тоа пумпата работи на суво и не го полни садот кој обезбедува стабилна работа на системот за висок притисок. Но, место за паника нема. Navara застанува и се што треба да се направи е да се напумпа гориво со вградената гумена рачна пумпа. Потоа моторот стартува и продолжува да турка.

Одбирот на погон оди преку вртливо копче. Вообичаено Navara вози со погон на задни тркала кога се растеретува масивниот преносен систем, а по потреба во возење се вклучува погонот на четири тркала. За вклучување на редукторот и на заклучувачот на диференцијал мора да се сопре. Воедно заклучување на задниот диференцијал може само кога е вклучен редукторот. Со погон назад Navara e тивка, нема свирење од диференцијалите и помалку троши. Не треба да се стравува дека задникот е немирен при повисоки брзини и во свијоци, дури и кога ќе се наиде на влажен коловоз и на нерамнини кога потскокнува. За големината Navara е прилично агилна, тешко се исфрла од колосек и низ свијоци напредува вешто. Навалувањето е изразено, а управувањето е индиректно. На воланот му се потребни безмалку четири круга да сврти од крај, до крај, што одговара на терен бидејќи полесно се контролира. Сепак, мора да се има предвид дека Navara конструкциски им припаѓа на камионите, тежи 2 тони, носи товар до 1 тон и влече приколка до 3 тони.

nissan-navara-test-vozi-5-2011-1

Диференцијалот се заклучува со едноставно пристискање на копче. Притоа редукторот мора да е вклучен

На пат е тивка дури и кога ќе се достигне максимумот. Добрата звучна изолација го придушува звукот од струењето на воздухот околу коцкестата каросерија. Добро се изолирани и моторот и подвозјето па патувањето е удобно се додека асфалтот е рамен. Класичната скалеста шасија и на неа насадената каросерија, заедно со крутата задна оска и листестите пружини имаат свои ограничувања. При минување и преку мали нерамнини вибрациите се пренесуваат во кабината правејќи да се чувствувате како да пловите по бранови. Тука нема спас. Се работи за својство и може да се избегне само со самоносечка каросерија, но тогаш би се изгубила поентата на постоењето на еден пикап кој е наменет да носи и влече.

Моторот лесно ја носи големината и тежината на Navara. Модернизиран, 2.5 литарецот е најмоќен во сегментот. Успешно го совладува отпорот на воздух што го создава големата челна површина при повисоки брзини, а на терен повлекува од лер иако најголемиот вртежен момент се остварува при 2.000 врт/мин. Не е растурач на гориво со оглед на работата што ја врши, а потрошувачка безмалку и да не варира. Без оглед дали вози на терен, во град, или совладува тури на автопат со висока брзина просекот е околу 10 l/100 km. Фабричкиот просек од 8,5 l/100 km не успеавме да го уловиме. Менувачот е со добро одмерени степени на пренос и има јасно одреден од. При често менување пречи спојката бидејќи бара голема сила на притискање и заморува.

nissan-navara-test-vozi-7-2011-1

Кожа со бели шевови и електрика на стакла и за задните врати. Отворот збира шише од 0,5 l, а напред од 1 l

Nissan Navara е добро одмерен концепт. Претставува успешен компромис на вреден издржлив работник, фамилијарен превозник и тврдокорен теренец. Дури функционира и како шик парче на четири тркала за покажување во град. Како секој компромис има свои позитивни и негативни аспекти, но севкупно остава позитивен впечаток. Најмногу затоа што влева доверба дека никогаш нема да застане и да остави на цедило. Откако ќе се почувствува, станува јасно зошто е пикап број еден во Европа.

Основна цена: 39.800 евра

Сериска опрема: ABS + EBD, ESP, 6 воздушни перници, серво управување, електрика на стакла, затемнети стакла со UV филтер, електрика на седишта со греење, електрика на ретровизори со греење и склопување, централна брава со далечинско, автоматски двозонски клима уред со филтер за полен, кожен ентериер, аудио систем со 7 звучници од Bose, Bluetooth, USB + AUX, навигација, камера за паркирање, ограничувач на брзина, темпомат, сензори за светла и дожд, сончев кров, кровни носачи, прскалки за предни светла, светла за магла, леснометални бандажи од 17 инчи, хромирани детали, механизам за прицврстување товар.

Дополнителна опрема: метален лак 800 евра.

Smile Впечатлив настап, луксузното уредување, квалитет на изработка, богатство од опрема, тивка кабина, моќен мотор, незапирлива на терен.

Frown Нишање на кабината и при мали нерамнини на асфалтот, голем отпор на педалот на спојката, маневрирањето во тесно бара зголемено внимание.

Nissan Navara 2.5 dCi LE
Мотор Дизел
Распоред на цилиндри Реден
Број на цилиндри 4
Вентили 4 на цилиндар
Брегасти вратила 2 во глава на мотор
Зафатнина (cm3) 2488
Моќност kW (KS)/вртежи 140(190)/4000
Вртежен момент Nm/вртежи 450/2000
Менувач мануелен
6-степен/редуктор
Погон На четири тркала
Сопирачки напред
Вентилиран диск
Сопирачки назад Барабан
Гуми 255/65R17
Багажен простор Д/Ш/В (mm) 1487/1496/457
Резервоар (l) 80
Д/Ш/В (mm) 5296/1848/1913
Меѓуоскино растојание (mm) 3200
Тежина на празно возило (kg) 1960
Носивост (kg) 845
Максимална брзина (km/h) 180
Забрзување 0-100 (km/h)
11.1 sec.
Забрзување од место 1 km
- sec.
Потрошувачка (l) 10.6/7.3/8.5
Емисија СО2 (g/km) 224
Цена на тест возило
40.600 евра

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat