Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Тест: Renault Clio Gordini GT 1.6 - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Тест: Renault Clio Gordini GT 1.6
22.07.2012

Воведувањето на линијата Gordini донесе нова свежина во понудата на Renault и му овозможи, посебно на Clio, да се задржи меѓу посакуваните мали автомобили иако се наоѓа на залезот на кариерата.

renault-clio-gordini-test-vozi-1-2012-1

Секако името на легедарниот Gordini не се потпишува под било која моделска варијанта. Беџот стои залепен само на модели како што се дивиот Clio RS и посмирениот GT кој го пакува атмосферскиот 1.6 литарски бензинец навиен да испорачува 133 КС при 6.750 врт/мин. Изведбата GT се разликува од обичниот Clio и визуелно и суштински. Предниот браник има нагласени рабови и спојлер во подножјето кој продолжува во масивни прагови и завршува со дифузор излеан во задниот браник давајќи му агресивна нота на малиот хечбек. Како дополна доаѓа сменетата оптика на предните светла и двете хромирани издувни цевки.

Пакетот Gordini пак го прави уште попривлечен со деталите во бела боја кои ја разбиваат монотонијата на браникот и ретровизорите, а тука се и неизбежните надолжни ленти. Тие предупредуваат за забраната за престигнување, не заради законско ограничување туку заради динамиката која се сокрива под сино обоената каросерија. Така се доаѓа до суштинските разлики во однос на обичниот Clio. Тука влегуваат поцврсти пружини за 15%, подобрено управување и посебни сопирачки плочки за поголема моќ при сопирање и попрецизно дозирање. Детали кои доаѓаат од Renault Sport и ветуваат вистинско задоволство зад волан.

renault-clio-gordini-test-vozi-2-2012-1

Изведбата со три врати делува понабиено и совршено одговара со имиџот на спортист

Ветувањето е исполнето. Секој што сака да ги полира своите возачки вештини може да се обрати на дадената адреса. Управувањето е прецизно, отпорот на волан е добро одмерен и пренесува повратни информации па така возачот во секое време знае точно што се случува со предните тркала. Се чувствува секое камче, секое пролизгување. Кога во комбинација ќе влезат и поцврстите пружини кои го ограничуваат навалувањето во свијок и го држат залепен за асфалт како чичка предизвикот да се вози на нож е постојано присутен. Контролата е масивна и потребен е многу труд за да се исфрли од колосек.

Задникот не е инертен. Без оглед дали се влетува во кус остар или долг брз свијок ја следи предната оска и се мести на вистинската линија за излез. Но, без оглед на овој одмерен танц дури и кога се провоцира со менување на оптоварувањето нема одсечно бегање. Реакциите се предвидливи. И не само што лесно се држи под контрола туку мами да се предизвикува и провоцира. Сопирачките подеднакво влеваат доверба. Дозирањето е прецизно, моќта на сопирање голема за што е потребен период на навикнување. Кога возачот ќе ги открие карактеристиките се чувствува комотен да форсира и да го пролонгира сопирањето пред свијок.

renault-clio-gordini-test-vozi-3-2012-1

Уште на прв поглед деталите во кабината откриваат дека на станува збор за обична изведба

За да ги исполни барањата на шасијата моторот треба да се врти во горното работно подрачје што не претставува проблем. Гладот за вртежи е евидентен и играта меѓу 5.000 врт/мин и граничникот, кој исклучува кога стрелката на бројачот на вртежи ќе заигра околу бројката 7, претставува вистинско чулно задоволство. А што друго да се очекува од навиен бензинец кој диши природно. Зближувањето со Clio GT открива дека шасијата може да издржи повеќе коњи од понудените, на чија адреса се упатуваат зебелешките. За да се извлече максимумот бара напорна работа со менувачот кој е прецизен и помага во процесот, но сепак, недостатокот од коњски сили се чувствува.

Првиот степен е многу кус. Од прва се чини дека го гуши моторот, но е потребен за поостар старт и за брзо да се наберат вртежите. И кога ќе се префрли во втор почнува да се чувствува потенцијалот на моторот. Вториот, третиот, четвртиот и петиот степен се распоредени рамномерно за лесно одржување на ритамот, додека шестиот е наменет за крстосување на автопат. Ги спушта вртежите штедејќи гориво и намалувајќи ја бучавата во кабината која најмногу доаѓа од моторот. Неговиот глас се појачува кога ќе се надминат 4.000 врт/мин, но заради нискиот преносен однос тогаш веќе се патува со висока патна брзина.

renault-clio-gordini-test-vozi-4-2012-1

Инструментите на бела основа го откриваат спортскиот карактер. Црвеното поле почнува од 6.750 врт/мин. Тука се остварува најголемата моќност

Престојот во кабината успешно го надополнува доживувањето пред се заради високото ниво на опременост и стилски изведените детали на кои е посветено многу внимание. Палетата Gordini одушевува со белите шевови прошиени на седиштата во комбинација кожа и ткаенина, на кожените облогите на вратите, воланот, рачката од менувачот и арматурата. Тука се деталите како топка на менувачот од полн алуминиум со сино капаче на кое стои легендарниот беџ. Потоа педали од лесен метал, бела подлога на инструментите и централна конзола, лајсни и отвори за проветрување во лак пијано финиш.

Вниманието за детали се гледа и кај задните седишта кои по изработката не заостануват зад предните, а таму се сокриваат и потпирачи за раце и отвори за шише. Комфорот одзади задоволува. Двајца патници со просечна градба имаат доволно место и нема да негодуваат и на подолг пат. Предните седишта со изразени страници одлично го држат телото во свијоци и за разлика од тркачките кади нудат и голема доза на комфор при долги патувања. Мекиот полиуретан на арматурата и горниот раб на панелите на вратите и квалитетот на материјалите откриваат дека без оглед на сегментот и генерацијата Clio е сериозен продукт.

renault-clio-gordini-test-vozi-5-2012-1

Потпирач за раце и место за шише за патниците одзади ја откриваат посветеноста за детали

Без оглед што се наоѓа на залезот на кариерата Clio Gordini GT е еден од најпосакуваните мали автомобили со лут карактер. Сеуште делува свежо гледано однадвор и од внатре. Добрата обработка, квалитетните материјали и одличната шасија која мами насмевка при секој ивозен километар се противтег на не доволно изразените перформанси на моторот. Во секој случај доколку желбата е жежок хечбек во оваа класа тогаш Renault е вратата на која треба да се тропа. Впрочем така постапува најголемиот број на купувачи во Европа.

Основна цена: 16.423 евра

Сериска опрема: ABS + EBD, 4 воздушни перници, серво управување, електрика на стакла, затемнети стакла, електрика на ретровизори со греење, централна брава со далечинско, автоматски двозонски клима уред, кожа на волан и рачка од менувач, спортски седишта во кожа и ткаенина Gordini, аудио систем со Bluetooth, USB + AUX, ограничувач на брзина, темпомат, светла за магла, леснометални бандажи од 16 инчи, спојлер на кров, детали Gordini, двоен издув.

Дополнителна опрема: Пакет Плус - отклучување/заклучување и стартување без клуч со електрично склопливи ретровизори и импулсни предни стакла 700 евра, метална боја 500 евра.

:) Единствен имиџ нагласен со името на Gordini, одлична шасија, прецизно управување, богата опрема

:( Моторот треба да е помоќен и да има подобра звучна изолација

Renault Clio Gordini GT 1.6
Мотор Бензин
Распоред на цилиндри Реден
Број на цилиндри 4
Вентили 4 на цилиндар
Брегасти вратила 2 во глава на мотор
Зафатнина (cm3) 1598
Моќност kW (KS)/вртежи 98(133)/6750
Вртежен момент Nm/вртежи 155/4250
Менувач 6-степен мануелен
Погон На предни тркала
Сопирачки напред Вентилиран диск
Сопирачки назад Диск
Гуми 195/50R16
Багажен простор (l) 288 до 1038
Резервоар (l) 55
Д/Ш/В (mm) 4032/1720/1497
Меѓуоскино растојание (mm) 2575
Тежина на празно возило (kg) 1165
Носивост (kg) 465
Максимална брзина (km/h) 201
Забрзување 0-100 (km/h) 9.3 sec.
Забрзување од место 400 m 16.6 sec.
Потрошувачка (l) 9.1/5.4/6.7
Емисија СО2 (g/km) 155
Цена на тест возило 17.623 евра

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat