Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Тест: Seat Ibiza SC 1.4 Style - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Тест: Seat Ibiza SC 1.4 Style
26.11.2012

Остра и уште попривлечна благодарение на фејслифитот, Ibiza продолжува да ја освојува возачката публика млада по години и по дух. Ова посебно важи за еден од најжешките модели во класата Ibiza SC.

 seat-ibiza-sc-test-vozi-1-2012-1

Жештината толку не ја продуцираат перформансите, посебно кога се работи за стандардните верзии, туку самиот лик. Иако според обликот Ibiza SC е хечбек со три врати во Seat ја нарекуваат купе. И со право. Куполестата линија на кровот, кој во однос на моделот со пет врати е понизок за околу 30 mm, навистина ја претвора во купе. Складните линии се надополнети со остри прекршувања на каросеријата кои во задниот дел се претвораат во силно нагласени раменици. Тие одлично се надополнуваат на остриот лик на предницата добиен со фејслифтот.

Настапот на Ibiza SC станува повпечатлив кога предните светла се украсени со линија од LED. Тие доаѓаат во комбинација со светлечки диоди и за задните светла, а за комплетот се доплатува 790 евра. Постои и поевтина варијанта која чини 200 евра, но тогаш LED има само назад како во случај на тест возилото. Во кабината владее познатата атмосфера со масивна накосена арматурна табла, едноставна централна конзола од чие подножје извира централниот гребен кој ги здомува прекинувачите поставени пред рачката од менувачот.

seat-ibiza-sc-test-vozi-2-2012-1 

Ниско поставената куполеста линија на кровот го оправдува епитетот купе

Се седи релативно ниско што оди на рака со имиџот на уличен спортист, а доживувањето го дополнува арматурата свртена кон возачот. Како во кокпит. Но, затоа курпулентните ќе најдат замерка дека им е тесно. Сместувањето напред е лесно заради широките врати. За одзади потребна е мала гимнастика. Тука нема ништо спорно кога во игра се три врати. Назад повисоките удираат со глава во таванот и со колена во предните седишта. Затоа е поудобно во двојка кога и багажникот со 284 литри, само 8 литри помалку од Ibiza, и правилен облик нуди доволно волумен за пакување. И правец откривање нови хоризонти.

Оваа дисциплина и годи на Ibiza SC која својата умешност во совладување на километрите ја претвора во задоволство и ја пренесува врз возачот. Нема двојби дека Ibiza SC е возачки оринетиран автомобил. Годи прецизното управување и брзото менување на правец на мало свртување на воланот. Постои доза на изолираност кај управувањето и до возачот не стигнува доволно количество повратни информации, но прецизноста и гумите 215/45 обуени врз леснометални бандажи од 16 инчи за кои се доплаќа, успешно ја пеглаат оваа појава.

seat-ibiza-sc-test-vozi-3-2012-1 

Задните светла со технологија LED делуваат впечаливо, но за нив се доплаќа

Затоа кога ќе почне протнувањето низ свијоци Ibiza SC мами насмевка. Спротивно на очекувањата подвозјето e идентично со Ibiza, но за нијанса пониското тежиште го дава својот данок. Ibiza SC e стабилнa и тешко се исфрла од колосек, а сепак не реагира со негодување кога минува преку нерамнини пеглајќи ги успешно. Брзиот одзив на управувањето само ја дополнува сликата за возачки настроениот автомобил и го оправдува називот купе. Меѓутоа тука не застанува приказната. Кој сака автомобилот да реагира уште поостро ќе се одлучи за постегнатиот FR.

Изразената стабилност е надополнета со добра тракција. Предните тркала немаат проблем да го испорачаат вртежниот момент од 132 Nm врз подлогата. Станува јасно дека конструкцијата трпи многу поголема моќност од 85 КС колку што нуди 1.4 литарскиот бензинец. Од него неможе да се очекува да биде тркач, но затоа е одличен избор за оние кои сакаат да штедат во шик парче автомобил. Убаво повлекува од ниски вртежи и лесно го одржува ритамот дури и при оптоварување. Доколку се лови брзински просек или се бара силно забрзување тогаш мора да се притиска врз педалот за гас и моторот да се врти во горното работно подрачје, воедно треба да се работи со менувачот што заради прецизноста претставува задоволство.

seat-ibiza-sc-test-vozi-4-2012-1

Средината на арматурата е свртена кон возачот за поспортско доживување

Бензинецот од 1.4 литри со 85 КС и нивото на опременост Style се средина на понудата на Ibiza SC и нудат најдобар сооднос цена доживување. Нешто што ќе знаат да го ценат сите оние на кои настапот им е пресуден. Односно сакаат да возат шик автомобил, а од него не бараат бесни перформанси. Секако има и попрактични и помоќни варијанти, но попрактичните не се доволно шик, а со моќноста се качува и цената. Ibiza SC е единствена понуда во сегментот каде изведбата со три врати не е уште еден обичен хечбек со пар врати помалку, туку единствен концепт кој го заслужува епитетот купе.

Основна цена: 11.770 евра

Сериска опрема: ABS, 2 воздушни перници, серво управување, електрика на стакла, затемнети стакла, електрика на ретровизори со греење и паркинг позиција, централна брава со далечинско, клима уред, радио CD со МР3 + AUX команди зад волан и 4 звучници, местење на волан по висина и длабочина, местење на возачко седиште по висина, темпомат, светла за магла со функција за осветлување при свртување.

Дополнителна опрема: Воздушни завеси за глава и гради на возач и совозач 270 евра, Bluetooth + USB и 2 дополнителни звучници 110 евра, светла LED назад 200 евра, бандажи од лесен метал од 16 инчи Stratos и гуми 215/45 500 евра.

:) Имиџ на уличен спортист, единствен стил на купе во сегментот, добра шасија, прецизно управување, прецизен менувач, штедлив мотор

:( Изолираност кај управувањето, ограничен простор во кабината, масивна и монотона арматурна табла

Seat Ibiza SC 1.4 Style
Мотор Бензин
Распоред на цилиндри Реден
Број на цилиндри 4
Вентили 4 на цилиндар
Брегасти вратила 2 во глава на мотор
Зафатнина (cm3) 1390
Моќност kW (KS)/вртежи 63(85)/5000
Вртежен момент Nm/вртежи 132/3800
Менувач 5-степен мануелен
Погон На предни тркала
Сопирачки напред Вентилиран диск
Сопирачки назад Диск
Гуми 215/45R16
Багажен простор (l) 284 до 930
Резервоар (l) 45
Д/Ш/В (mm) 4043/1693/1428
Меѓуоскино растојание (mm) 2469
Тежина на празно возило (kg) 1075
Носивост (kg) 451
Максимална брзина (km/h) 177
Забрзување 0-100 (km/h) 11.8 сек.
Забрзување од место 400 m - сек.
Потрошувачка (l) 8.0/4.7/5.9
Емисија СО2 (g/km) 139
Цена на тест возило 12.850 евра

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat