Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Тест: Toyota Corolla 1.4 D-4D Terra - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Тест: Toyota Corolla 1.4 D-4D Terra
16.03.2012

Најпродаваниот автомобил на светот Toyota Corolla вози во освежената изведба на својата десета генерација и сеуште има доволно џус да се продава со рата од еден автомобил на секои 40 секунди.

toyota-corolla-test-vozi-1-2012-1

На што се должи олку големата популарност во светски рамки открива Corolla 1.4 D-4D Terra. Создадена како глобален автомобил, идеја која се проткајува од првото претставување во далечната 1966 година, Corolla во моментот се произведува во 14 држави ширум светот и секаде добро се продава. Дизајнот е скроен така да се допаѓа секому без оглед дали живее во Азија, Африка, Северна или Јужна Америка, или во Европа. Токму заради ваквиот пристап дизајнот не нуди ништо впечатливо. Линиите на Corolla не вриштат. Тие се смирени, навидум безлични и оставаат простор содржината да излезе на површина. Затоа Corolla се коси со правилото дека грам имиџ е повреден од килограм вистински вредности.

toyota-corolla-test-vozi-2-2012-1

Течните линии на каросеријата го спуштаат коефициентот на отпор на воздух Cd до вредност од 0,28. Важно за ниското ниво на бучава и ниската потрошувачка

Сепак, дури и по пет години на пазарот делува свежо. Дизајнерите при освежувањето во 2010 година се фокусираа само на детали кои одат на рака со современите текови и поставуваат норми за тоа како треба да личи еден модерен автомобил. Со редизајнот Corolla доби нов браник со поостри рабови во кого е вкомпонирана посериозна маска со логото во средина. Сменети се отворите во кои во повисоките нивоа на опременост стојат светла за магла и делуваат повпечатливо. Поставен е и поголем отвор за довод на воздух со облик на трапез кој во дното преминува во спојлер чии рабови продолжуваат странично и преку праговите се надоврзуваат на долниот раб на задниот браник.

Одзади сменет е обликот и оптиката на светлата кои сега добиваат хромирани прстени и ја разбиваат монотонијата. Браникот исто така е нов. Како и предниот има поостри рабови, стилизиран дифузор и мачкини очи во аглите. Остатокот останува ист. На прв поглед се чини дека направените измени во дизајнот се малку, но допринеле Corolla да биде помодерна и подопадлива.

toyota-corolla-test-vozi-3-2012-1

Едноставниот дизајн на арматурата е несменет. Нови се деталите на централната конзола и материјалите кои се поквалитетни и попријатни на допир

Внатре прво што се забележува е новиот волан со рамно дно. Можеби ваквиот концепт сме навикнале да го гледаме кај автомобил со спортски аспирации, но претставува дизајнерски трик што се почесто се користи бидејќи ослободува повеќе простор за нозе и поинаку делува на доживувањето зад волан. Тука се и новите инструменти со технологијата на Toyota, Optitron, во кои се вкомпонирани два екрани од патниот компјутер. Остатокот се однесува на пластиката која добива поинаква текстура, поквалитетна е, делува поскапо, а воедно е полесна за одржување.

Другиот дел од кабината останува не сменет. Простор има доволно и напред и назад. На задната клупа нема да се чувствуваат стеснето ниту покорпулентни патници и доколку се двајца ќе уживаат во добра доза на комфор дури и на подолги релации. Тројца на задната клупа сепак би биле премногу. Она што одушевува е практичноста претворена во фиоки, отвори и прегради расфрлани на сите страни. Плус радува можноста за соборување на потпирачите на задните седишта со што се подобруваат опциите за товарање во багажникот кој во основа нуди волумен од сериозни 450 литри. Сето ова е доволно за едно семејство безгрижно да киниса на пат не кратејќи од својот багаж.

toyota-corolla-test-vozi-4-2012-1

Инструментите Optitron се дополнети со два тркалезни екрани од течни кристали каде се прикажуваат податоците од патниот компјутер. Иако дизел бројачот ја најавува гладтта за вртежи со црвено поле кое почнува од 5.200 врт/мин

Токму семејните луѓе се поголемиот дел од публиката која своите потреби за мобилност ги задоволува со Corolla. Нивните потреби обично се сведуваат на доволно простор, практичност, комфор, штедливост и издржливост. Параметри кои одат на рака со понудата на Corolla. Со 1.4 литарскиот дизел под хауба Corolla e вистинска мера. Моторот е тивок, освен при иницијално стартување кога го открива својот концепт и иако има само 1.4 литри не заостанува при исполнувањето на задачите. Од неговите 90 КС и 205 Nm не може да се очекуваат спринтерски способности. Всушност тоа не е ниту основната намена на Corolla. Важно е што повлекува убаво од ниски вртежи и испорачува доволно снага во средно подрачје на работа. Иако црвеното поле на бројачот за вртежи е обележано од 5.200 врт/мин, прилично високо за еден дизел, нема потреба моторот да се врти дотаму. Ова го докажува и испораката на максималниот вртежен меѓу 1.800 и 2.800 врт/мин. Едноставно ниту во еден момент нема потреба од силно притискање на педалот за гас дури и кога се вози подинамично.

toyota-corolla-test-vozi-5-2012-1

Аудиото е дополнето со приклучоци USB и AUX сокриени под капак на централната конзола каде се наоѓа и запалката. Дупката за оставање ситнурии е тесна и длабока 

Многу поважна е работата со менувачот чии добро одмерени шест степени на пренос секогаш овозможуваат моторот да се држи токму во средното подрачје на работа. Менувањето на степените претставува задоволство. Меко е, а рачката не запнува дури и при брзо префрлање. Долго пресметаните преносни односи, посебно петиот и шестиот, се важни на автопат кога вртежите остануваат во подрум дури и при висока патна брзина. Тогаш и бучавата од моторот не продира во кабината, а добрата изолација го смалува и нивото на бучава од струењето на воздухот и од тркалата. Во салонот на Corolla владее тишина која се надополнува со комфорот од подвозјето и ја прави погодна за долги тури.

Без оглед на комфорната ориентација инженерите не заборавиле на динамиката. Подвозјето е сплет на компромиси, доволно е цврсто за да не дозволи изразено навалување на каросеријата во свијоци кога тркалата го губат контактот со подлогата. Од друга страна успешно ги впива нерамнините и не ги пренесува ударите во кабината. Corolla има безбедни возни карактеристики. Може прилично живо да се вози низ свијоци кога однесувањето е предвидливо. Бегањето преку нос се случува при претерување, но дури и тогаш лесно се држи под контрола. Задникот пак останува мирен и послушно ја следи предната оска. Точно е дека намената на Corolla е поинаква, но подвозјето дозволува моменти на уживање зад волан.

toyota-corolla-test-vozi-6-2012-1

Багажникот со основните 450 литри е доволно голем за секое семејство. Соборувањето на потпирачот на задната клупа ја зголемува неговата практичност

Пакетот Terra е почеток на понудата, но во него ништо не недостасува. Нуди доволно опрема за да се здоволат најнужните потреби. Тој што ќе посака висинска регулација и на совозачко седиште, електрика на задни стакла, или пак, помоќен аудио систем и кожа на волан, може да оди ниво повисоко.

Toyota Corolla е сплет на компромиси. Како добро подготвен десетобоец не предничи ниту во една дисциплина посебно, но во сите е подеднакво добра. Во обидот да се допадне секому заради глобалниот настап не одушевува на прв поглед, но полека станува навика бидејќи функционира на сите полиња. Не постои предизвик на кого неможе да одговори и заради тоа стекнува доверба кај сопственикот. Дури и долгогодишните сопственици на прашањето што најмногу ви се допаѓа кај Corolla креваат раменици и велат дека не се сигурни. Не наведуваат ништо конкретно, но сепак не би се откажале од неа, или пак, би ја замениле само за нова Corolla. Токму тука се сокрива тајната на најпродаваниот автомобил на сите времиња.

Основна цена: 17.490 евра

Сериска опрема: ABS, 4 воздушни перници, серво управување, електрика на предни стакла, електрика на ретровизори со греење, централна брава со далечинско, клима уред, аудио систем со 4 звучници, AUX, USB, патен компјутер, возачко седиште со висинско местење.

Дополнителна опрема: метален лак 400 евра.

Smile Комфор, практичност, ниско ниво на бучава, штедлив и тивок мотор, квалитет на изработка, употребна вредност.

Frown Невпечатлив дизајн, дигитализирано управување без доволно повратни информации, тешко достапно копче за патниот компјутер, нема можност за разладување на фиоката пред совозачот.

Toyota Corolla 1.4 D-4D Terra
Мотор Дизел
Распоред на цилиндри Реден
Број на цилиндри 4
Вентили 2 на цилиндар
Брегасти вратила 1 во глава на мотор
Зафатнина (cm3) 1364
Моќност kW (KS)/вртежи 66(90)/3800
Вртежен момент Nm/вртежи 205/1800
Менувач 6-степен мануелен
Погон На предни тркала
Сопирачки напред
Вентилиран диск
Сопирачки назад Диск
Гуми 205/55R16
Багажен простор (l) 450
Резервоар (l) 55
Д/Ш/В (mm) 4545/1760/1470
Меѓуоскино растојание (mm) 2600
Тежина на празно возило (kg) 1310
Носивост (kg) 470
Максимална брзина (km/h) 175
Забрзување 0-100 (km/h)
11.9 sec.
Забрзување од место 400 m
- sec.
Потрошувачка (l) 5.7/4.2/4.7
Емисија СО2 (g/km) 125
Цена на тест возило
17.890 евра

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat