Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Тест: Toyota Verso 1.8 Luna - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Тест: Toyota Verso 1.8 Luna
02.09.2011

Концептот Verso датира од 1997 година и оттогаш постојано е дел од понудата на Toyota. Низ годините се појавува во разни варијанти, но во Toyota веруваат дека последното издание е она вистинското.

toyota-verso-test-vozi-1-2011-1

Toyota Verso која првпат се појавува како самостоен модел, а не како изведеница од друг модел на Toyota, е идеолошки наследник на оригиналната Corolla Verso од 1997 година. Име кое го носеа уште две генерации после неа. Втората од 2001 и третата од 2004 година. Со неа во 2009 година заврши животниот пат моделот. Модерниот Verso носи гени и од поголемиот Avensis Verso, произведуван од 2001 до 2006 година, во поглед на димензиите и просторот во кабината.

Verso како варијанта на моделите на Toyota од секогаш вниманието го насочувал кон потреби на семејството. Нудел многу простор, варијабилна кабина со седишта чив распоред може да се менува зависно од потребите, место за седум патници и доволно опрема за патувањата да се претворат во удобно доживување. Меѓутоа новиот Verso како самостоен модел вниманието го насочува и кон главата на семејството и почнува да се грижи за возачкото задоволство. Па, придобивките од претходниците ги дополнува со внимателно дотерано подвозје кое може да измами насмевка на лицето на возачот.

toyota-verso-test-vozi-2-2011-1

Иако е развлечен на 4,5 метри Verso делува компактно

Можеби делува чудно описот на еден фамилијарен моноволумен со комфорни ориентации да почне токму од возните карактеристики, и место за распоред на седишта, опрема, варијабилност, да расправаме за возње. Но, има причина зошто е така. Инженерите во Toyota се потрудиле Verso да не го разочарува возачот. Спротивно на очекувањата заради висината Verso многу малку се навалува во свијоци. Се чини дека седите зад волан на седан, или комбилимузина, а не во моноволумен. Verso стои цврсто залепен за асфалтот, а патниците не доживуваат непријатна прошетка проследена со фрлање од низ кабината.

Ова се должи на масивните стабилизатори и релативно цврсто поддесеното подвозје кое му помага на Verso брзо да напредува низ свијоци. Дури и кога ќе се фрли во свијок нема изненадувањa. Послушно ја следи линијата на движење се до моментот кога ќе се прететра. Тогаш предните тркала ја прошируваат патеката на движење и почнува да подуправува. Реакцијата е питома и лесно се става под контрола со благо одземање гас. Притоа нема реакција од промена на оптоварување и задникот останува мирен.

toyota-verso-test-vozi-3-2011-1

Високите страници го прават осетлив на страничен ветар

Задоволството од брзо напредување низ свијоци го попречува управувањето кое касни со реакцијата, делува споро, бесчувствително и не пренесува повратни информации за тоа што се случува со тркалата и покрај тоа што е осетлив на брзина. Но, на сметка на директноста подобрена е изолацијата на управувачкиот механизам па затоа ударите од нерамнините воопшто не се чувствуваат на волан. Управувањето е поддесено за да биде угодно на правец при совладување на долги тури со висок брзински просек во друштво со семејството. Беснеењето низ свијоци е оставено за ретки моменти кога сопственикот е сам зад волан.

На пат се чувствува како риба во вода. Дури и оптоварен подвозјето има доволно резерви да се носи со ударните дупки без да ја потресува кабината. Иако за еден моноволумен е цврсто, успешно ги впива нерамнините, заради иновативниот начин на прицврстување на пружините и амортизерите од опружната нога преку независни лежишта вкомпонирани во еден механички склоп. Verso останува стабилен дури и кога при висока брзина се минува преку напречни и надолжни бразди во асфалтот. Единствениот проблем се јавува при налети на страничен ветар. Тогаш каросеријата со високи и рамни страници се занишува и од возачот бара зголемено внимание.

toyota-verso-test-vozi-7-2011-1

Се е скроено за да му одговара на возачот кој има приоритет во Verso

Со најнизок коефициент на отпор на воздух во сегментот од Cd 0,295, Verso како нож сече низ воздухот. Добрата аеродинамика е виновна за ниското ниво на бучава во кабина дури и при максимални брзини. Виновна е и за стабилноста заради негативниот потисок кој се создава под рамниот под дополнително поставен со пластична заштита. Голема заслуга за тишината во Verso има и двојната изолација на кровот, подот и на преградата меѓу кабината и моторот. Моторот е тивок до 3.500 врт/мин, тогаш почнува да јавува дека е дел од автомобилот, а кога стрелката од бројачот на вртежи ќе ја мине бројката 4 звукот станува присутен, но е далеку од нападна бучава.

Моторот и припаѓа на најновата генерација бензинци на Toyota која го носи името Valvematic. Со зафатнина од 1.8 литри и 147 КС при 6.400 врт/мин има доволно џус да ја влече каросеријата од 1,5 тони. Вртежниот момент од 180 Nm максимумот го достигнува при високи 4.000 врт/мин, но заради варијабилното управување со вентилите убаво повлекува од ниски вртежи и при секојдневни услови на возење нема потреба да се испраќа во горното работно подрачје. Доволно е да се минат 2.000 вртежи и моторот јавува живот, а почнува да дише на 3.000 вртежи. Спарен е со шест степен мануелен менувач со долго пресметани преносни односи кои земаат голем дел од желбата на моторот да се врти и на сопственикот немилосрдно да притиска врз педалот за гас.

toyota-verso-test-vozi-4-2011-1

Фиоките пред совозачот оставаат доволно простор за сместување ситнурии. Горната се разладува

Менувачот е пресметан за да ги држи вртежите во подрум. Затоа моторот на автопат е тивок. Доколку сакате да биде прв на семафор и очекувате страотни забрзувања веднаш побарајте друго возило. Verso не е скроен за да биде тркач. Тогаш не само што се измачувате себе и возилото, го измачувате и вашиот џеб, бидејќи непотребно расфрлате гориво. Место тоа олабавете се во удобното седиште, следете ги напатствијата од системот за навремено менување на степените, контролирајте го десното стапало и тогаш бензинецот вози угодно, а може да се улови и фабричкиот просек. Брзината треба да се набира постепено, а кога ќе се достигне моторот лесно ја одржува. Иако во овој сегмент купувачите најчесто се одлучуваат за дизел, Toyota докажува дека концептот функционира и со бензинец и дека не треба да се бега од нејзиниот 1.8 литарец.

На еден долголинијаш од голема корист е темпомат, систем кого прилично добро опременото ниво Luna не го нуди. Оваа одлука на Toyota чуди. Одговорните би требало да ги преиспитаат своите одлуки и веднаш да го воведат во серија уште од најниското ниво на опремност Terra. Темпоматот ја олеснува работата на возачот, подеднако како што останатите комфорни елементи го олеснуваат патувањето на патниците. Во Verso се патува комфорно. Најважно, доволно простор е обезбеден за патниците на трите одвоени задни седишта. Тие можат да лизгаат по должина, да го менуваат аголот на потпирачот и да се преклопуваат независно едно од друго кога со багажникот формираат рамен под. За жал неможат да се вадат, освен со опсежен механичарски зафат.

toyota-verso-test-vozi-5-2011-1

Масичката е доволно цврста за на неа да стојат и потешки предмети

Подот на багажникот го формираат потпирачите на третиот ред седишта. Умната конструкција овозможува лесно исправање во случај на потреба и преклопување само со еден потег. Можни се многу комбинации со седиштата за секогаш да се најде најсоодветниот начин за превоз на багаж и патници. Пристапот до третиот ред седишта го обезбедува лизгањето и преклопувањето на задните седишта. Иако одзади може да се смести и возрасен патник нивната намена е ограничена. Од друга страна вториот ред седишта е вистинското место да се минат многу километри. Масичките вградени во потпирачот на предните седишта имаат држач за чаша дозволуваат одложување на iPod, мобилен, па дури и мал преносен компјутер кои можат да се врзат со аудиото преку AUX приклучок. При излегување нив лесно можете да ги сокриете во долапите со капак во подот.

Пред совозачот се наоѓаат две фиоки од кои горната се разладува. Но, освен што може да ужива во патувањето и да управува со аудиото и клима уредот тој неможе активно да учествува во возењето, бидејќи косо поставените инструменти на врвот од арматурата се резервирани само за возачот. Таму се отчитуваат сите потребни информации, кои се одбираат преку командите на волан. Возачката позиција е ергономска. Блиску поставената и подигната рачка од менувачот овозможува раката само да лизне од волан кога е потребно да се префрли во друг степен. Менувачот има меки одови, прецизен е и со него е задоволство да се работи.

toyota-verso-test-vozi-6-2011-1

Долапот во подот го чува редот во кабината и вредните работи од љубопитни погледи

Материјалите и изработката се типични за Toyota. Пластиката е квалитетна, масивна и еластична со текстура пријатна на допир и на око. Горниот дел од арматурата е прскан со мек полиуретан кој дополнително ги впива вобрациите и бучавата и делува скапо. Седиштата се поставени со квалитетна ткаенина и секој детал е изработен со внимание. Во кабината на Verso ништо не тропка, не штрчи, не виси. Се внимавало и на детали, па така за појасите на вториот и третиот ред седишта се поставени шноли кои ги држат да не се мафтаат кога назад нема патници.

Toyota Verso е флексибилен и сестран концепт. Наменет е да биде уште еден член на семејството за кого и родителите и децата ќе се врзат и ќе му веруваат. Децата и понежната половина ќе го сакаат заради варијабилноста, просторот и тивката кабина. Главата на семејството пак, ќе го сака бидејќи, од време, на време, ќе може да си даде оддишка и сам да збеснува по свијоци вадејќи максимум од моторот и подвозјето.

Основна цена: 25.490 евра

Сериска опрема: ABS, ESP, помош при тргнување на нагорнина, 7 воздушни перници, серво управување, електрика на стакла, електрика на ретровизори со греење и склопување, централна брава со далечинско, автоматски двозонски клима уред, аудио систем со 6 звучници, Bluetooth, AUX, патен компјутер, кровни носачи, светла за магла.

Дополнителна опрема: метален лак 500 евра.

Smile Добри возни карактеристики, ниско ниво на бучава во кабината, флексибилност на кабината, култивиран мотор кој не е голем потрошувач, квалитет на изработка.

Frown Не дефинирано управување, осетливост на страничен ветар, нема темпомат, нема USB приклучок, седиштата се склопуваат, но неможат да се извадат.

Toyota Verso 1.8 Luna
Мотор Бензин
Распоред на цилиндри Реден
Број на цилиндри 4
Вентили 4 на цилиндар
Брегасти вратила 2 во глава на мотор
Зафатнина (cm3) 1798
Моќност kW (KS)/вртежи 108(147)/6400
Вртежен момент Nm/вртежи 180/4000
Менувач 6-степен мануелен
Погон На предни тркала
Сопирачки напред
Вентилиран диск
Сопирачки назад Диск
Гуми 205/60R16
Багажен простор (l) 440 до 1696
Резервоар (l) 60
Д/Ш/В (mm) 4440/1790/1620
Меѓуоскино растојание (mm) 2780
Тежина на празно возило (kg) 1440
Носивост (kg) 685
Максимална брзина (km/h) 190
Забрзување 0-100 (km/h)
10.4 sec.
Забрзување од место 400 m
17.1 sec.
Потрошувачка (l) 8.9/5.7/6.9
Емисија СО2 (g/km) 162
Цена на тест возило
25.990 евра

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat