Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Тест: Toyota Yaris 1.0 VVT-i Genius - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Тест: Toyota Yaris 1.0 VVT-i Genius
14.05.2012

Иако не е најпродаваниот автомобил на светот како неговиот поголем брат, Yaris е еден од бестселерите на Toyota и до сега не ја надминал Corolla само затоа што неговата продукција е прилично нова.

toyota-yaris-test-vozi-1-2012-1

Минатата година почна комерцијализацијата на третата генерација на Toyota Yaris која треба да го продолжи успешниот марш на моделот започнат во 1999 година. Новиот Yaris е поголем, посериозен и повпечатлив од претходникот. Светлата со остри агли, испапчената маска и острите рабови на браниците го откриваат новиот дизајнерски јазик на Toyota. Воедно извајаниот преден браник со голем отвор за довод на воздух и триаголни отвори за светлата за магла, спојлерот на кровот и задниот браник скроен како дифузор ја нагласуваат динамиката.

Првата забелешка од претставувањето на новиот Yaris е дека моделот ја загубил душата и од иновативен автомобил со централно поставени инструменти и задна клупа која лизга станал конзервативен. Но, работите стојат поинаку. Вината оди на сметка на димензиите. Меѓуоскиното растојание пораснало за 50 mm, должината за 100 mm и без оглед на помалата висина за 30 mm на задната клупа и во багажникот има за цел број повеќе простор од претходно. Волуменот на багажникот од 275 литри скокнува на 286 литри, додека на задната клупа има простор од кого не би се посрамиле и за класа поголеми возила и покрај фактот дека Yaris e меѓу од најкусите во класата.

toyota-yaris-test-vozi-2-2012-1

Дизајнот е во функција на аеродинамиката. Острите рабови во кои се препознава новиот дизајнерски јазик на Toyota, почнаа од Prius чија аеродинамика служи за пример. Истото важи и за Yaris  

Yaris e значително попросторен, а комфорот посебно на задната клупа е подобрен и со рамниот под и високата седечка положба. Стапалата на патниците стојат рамно и не ги оптоваруваат мускулите, бутината има целосна потпора, а нозете   можат да се истегнат и под високо поставените предни седишта. Едноставно одзади се патува во полн комфор. Правилото се повторува и напред. Возачот сега инструментите ги гледа пред себе. Арматурата ги напушта едноставните форми, делува модерно и разиграно. Дизајнерите повторно оставиле многу отвори за оставање на ситнурии, но ја тргнале двојната фиока пред совозачот. Таму сега има една фиока и еден раб во ролја на полица, но е премногу тесен за да ја одигра и од таму предметите летаат.

Моторната понуда во Yaris почнува од 1.0 литарскиот трицилиндарец со 69 КС кому му е доделена задача да турка каросерија полесна за 20 kg. Од тука доаѓаат подобрите забрзувања и пониската потрошувачка. Секако од него не треба да се очекуваат чуда, но исто така не треба да му се приоѓа со предрасуда. Уште повеќе ако се знае дека ја носи титулата Интернационален мотор на годината. Трите цилиндри се прилично упорни и живо го развезуваат Yaris и низ град и на отворено. Варијабилното управување со вентилите му овозможува да дише подлабоко на средни вртежи за полежерна работа со менувачот што открива и вртежниот момен чии максимални 93 Nm се испорачуваат на 3.600 врт/мин.

toyota-yaris-test-vozi-3-2012-1

Багажникот има правилна форма и волумен кој задоволува. За полицата со која може да се подели на две нивоа се доплатува

За поголеми дела моторот е спремен кога ќе се сврти во горното работно подрачје. Се јавува со здрав звук преку кого најавува дека владее со ситуацијата. Степен подолу и гас до крај и може да се тргне во престигнување дури и кога ситуацијата е тесна, или во совладување на поголема нагорнина. Но и тука постојат ограничувања. Доколку во кабината има четири патници чии торби го наполниле багажникот тогаш возачот треба да ги предвидува чекорите за да постигне повисок брзински просек. Процесот го олеснува менувачот со добро одмерени степени на пренос со кого мора постојано да се работи ако се сака да се извлекува максимум од моторот.

Во град работите се на страна на Yaris многу повеќе отколку на отворено. Делува прилично живо во борбата за подобра позиција на семафор. Каросеријата со остри рабови, куса хауба и големи стакла ветува голема прегледност. Протнувањето низ градскиот метеж е состојба во која Yaris владее. Паркирањето благодарение на малиот радиус на свртување и големите ретровизори е детска игра и доплатата за сензори за паркирање одзади се чини непотребна. Вратите се отвораат широко и го олеснуваат пристапот и напред и назад, а нискиот раб на багажникот ветува лесно товарање на намирниците дури и со уморни раце после пазарување.

toyota-yaris-test-vozi-4-2012-1

Горната фиока во новиот Yaris е заменета со плитка полица од која предметите лесно разлетуваат низ кабина

Yaris е релативно тивок ако не се набираат вртежите во горното работно подрачје. Долго пресметаниот петти степен дозволува спуштање на вртежите при повисока брзина па така и минувањето долги километри во рамки на ограничувањата не ги заморува ушите. Ниското ниво на бучава е условено и од добрата аеродинамика. Коефициентот на отпор на воздух Cd 0,287 e најнизок во сегментот. Иако е создаден како светски автомобил, подвозјето на европскиот Yaris се разликува од останатите браќа, факт кого Toyota не заборава да го нагласи. Подвозјето е цврсто ги препознава нерамнините и го држи Yaris залепен за асфалт, a гумите со висок профил помагаат удраните дупки да не ја потресуваат каросеријата и го  компензираат потскокнувањето кога во свијок ќе се наиде на нерамнина.

Цврстината пак годи низ свијоци. Тракцијата е одлична, бегањето преку нос е незначително и заради лесниот мотор. Предните тркала почнуваат да губат контакт со подлогата само кога ќе се претера во куси свијоци. Решение е одземање на гас и корекција со волан до кого не стигнуваат информации од предните тркала. Yaris e прилично успешен на планински пат и знае да измами насмевка. Сепак, затоа е потребно многу работа со менувачот што не е проблем со оглед на прецизноста. Задникот останува мирен како потврда за безбедните возни карактеристики соодветни на намената на автомобилот. Yaris не е наменет за бришкање, но ако возачот сака доза на адреналин може да ги задоволи потребите.

toyota-yaris-test-vozi-5-2012-1

Вртливите копчиња од системот за проветрување и клима уредот делуваат како да се излеани во арматурата

Yaris симпатиите ги освојува на повеќе нивоа. Како круна доаѓаат широката лепеза на елементи за персонализација која дозволува автомобилот да биде скроен според сопствена замисла. Меѓутоа и основната поставка задоволува. Нивото Genius како второ во понудата сериски е опремено со клима уред и аудио систем со приклучоци USB и AUX. За спојлерот на кровот, леснометалните бандажи од 16 инчи и украсната хромирана лајсна на багажникот се доплатува.

Со олку опции, солидна изработка карактеристична за Toyota, проверен мотор, добра возна динамика и простор како во за број поголем авртомобил, паѓа во вода верувањето дека новата генерација на Yaris ја загубила душата. Точно некои од елементите на претходникот се исфрлени, но затоа се вметнати нови кои му дозволуваат на Yaris повторно да блесне и од опција на втор автомобил во семејството да се претвори во единствен.

Основна цена: 11.290 евра

Сериска опрема: ABS, 4 воздушни перници, серво управување, електрика на предни стакла, електрика на ретровизори, централна брава со далечинско, клима уред, аудио систем со 4 звучници, AUX, USB, патен компјутер, возачко седиште со висинско местење.

Дополнителна опрема: метален лак 300 евра, леснометални бандажи од 15 инчи 780 евра, хромирана лајсна на вратата на багажникот 120 евра, спојлер на кров 405 евра.

Smile Впечатлив дизајн, практичност, просторност, комфорна задна клупа, проверен штедлив мотор, прецизен менувач.

Frown Отфрлање на втората фиока пред совозачот, тврда пластика со непривлечен дизајн на одредени места, нечуствително управување, нема бројач на вртежи.

Toyota Yaris 1.0 VVT-i Genius
Мотор Бензин
Распоред на цилиндри Реден
Број на цилиндри 3
Вентили 4 на цилиндар
Брегасти вратила 2 во глава на мотор
Зафатнина (cm3) 998
Моќност kW (KS)/вртежи 51(69)/6000
Вртежен момент Nm/вртежи 93/3600
Менувач 5-степен мануелен
Погон На предни тркала
Сопирачки напред
Вентилиран диск
Сопирачки назад Барабан
Гуми 175/65R15
Багажен простор (l) 286 до 768
Резервоар (l) 42
Д/Ш/В (mm) 3885/1695/1510
Меѓуоскино растојание (mm) 2510
Тежина на празно возило (kg) 970
Носивост (kg) 460
Максимална брзина (km/h) 155
Забрзување 0-100 (km/h)
15.3 sec.
Забрзување од место 400 m
- sec.
Потрошувачка (l) 5.7/4.8/4.2
Емисија СО2 (g/km) 110
Цена на тест возило
12.895 евра

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat