Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Возевме: Renault Captur - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Возевме: Renault Captur
30.07.2013

Неодамна ја имавме првата можност на регионалната новинарска презентација да го испробаме најновиот произовод од гамата на Renault, моделот Captur кој е базиран на последната генерација Clio.

renault-captur-vozi-1-2013-1

Французите се познати по својата авангарда, затоа Renault се надева дека со својот најнов производ ќе ја измени перцепцијата за модерен и практичен градски автомобил. Тесната поврзаност меѓу Clio и Captur е забележливa од прва. Следејќи го новиот дизајнерски јазик на Renault и Captur го носи големиот беџ, широките испусти над тркалата и дневните светла во LED технологија се највпечатливите елементи на предниот дел од автомобилот.

Екстравагантноста ја нагласува и широката палета на бои кои се нудат и во неколку двобојни комбинации. Одлично избраните комбинации на бои само ја надополнуваат атрактивната надворешност на Captur која со димензиите одскокнува од моделот со кој дели најголем дел од компонентите и со 4.122 mm должина е меѓу најголемите во сегментот. Високиот заден дел и клиренсот од 200 mm му го даваат ефектот кој е преку потребен за да се заработи припадноста во класата.

Привлечноста Captur ja задржува и со големиот број на дополнителни украси како што се налепници, различни елементи за рамките на светлата за магла и изборот на неколку типови на леснометални бандажи. Сето ова во комбинација со двобојните каросериски изведби дозволуваат точно 200 различни конфигурации на каросеријата. Истото правило ваќи и внатре. Скоро секој елемент во кабината може да се персонализира. Облогите се во темна или светла боја, а потоа може да се бира меѓу три опции поврзани со боите и апликациите на каросеријата.

Посебни желби исполнува и воланот со неколку двобојни изведби, отворите за вентилација или практичните преслеки на седиштата кои имаат патент (zip collection) и лесно може да се извадат и исперат. Во Renault пресметале дека во кабината може да се направат преку 100 различни компнинации на дезени и бои. Дизајнот на инструментите е во аналогно и дигитална комбинација веќе видена кај новото Clio. Истото важи и за централната конзола која претрпела незначителни модификации и го продолжува минималистичкиот пристап на уредување.

renault-captur-vozi-2-2013-1

Седењето е повисоко и пружа одлична прегледност. Патниците назад немаат простор за жалби, бидејќи седиштата се поместува напред/назад зависно од потребите за багажен простор кој така се движи меѓу 377 и 455 литри, а расте до максимални 1.235 литри. Организацијата на просторот ја олеснува предната фиока пред совозачот „Easy Life“ која се извлекува и има волумен од 11 литри. Техно трендот го оправдува мултиледијаниот таблет од 7 инчи преку кого се управува со аудиото, а има и USB и AUX приклучци. Со него стандардно доаѓа и навигација  која е едноставна и интуитивна за употреба и може многу лесно да се надградува.

Повисоките нивоа на опременост доаѓаат со напредниот систем на Renault, R-Link со коgo Captur во секое време е врзан на интернет и користи навигација TomTom со информации за реалната состојба на патиштата како и временска прогноза за 5 дена. Со секој уред доаѓаат 6 бесплатно инсталирани апликации, а останатите можат да се изберат според потребите од специјалниот дуќан каде има преку 50 посебно подготвени апликации.

Иако личи како SUV, Captur се нуди единствено со погон на предни тркала. Ваквата одлука се должи на истражувањата на пазарот кои велат дека купувачите на овој тип возила го избираат 4х4 погонот во помалку од 5%. При секојдневна употреба во градски услови и нема поголема потреба од скапи системи, а доколку авантуристичкиот дух сепак проработи во возачот лесните излети во природа нема да преставуваат проблем благодарение на високиот клиренс на каросерија.

Комфорот бил во прв план при сетап на подвозјето, но не на штета на возната динамика и управливоста. Captur е комфорен, но тоа не значи дека не може да се вози и поагресивно. Моторната понуда ја прават два се бензински и еден дизел мотор сите со турбо натполнење. Најмал е трицилиндарецот од 0.9 литри со 90 КС и 135 Nm со просечна потрошувачка од 4,9 l/100 km. Renault во Captur премиерно го престави и новиот турбо бензинец 1.2 кој истискува 120 КС и 190 Nm и се перчи со проск од само 5,4 l/100 km. Овој мотор може да биде спарен со автоматскиот менувач со две спојки EDC.

renault-captur-vozi-3-2013-1

Дизелската понуда ја застапува проверениот 1.5 dCi кој силината кон предните тркала ја пренесува преку 5 степен мануелен менувач. Моторот испорачува 90 КС и 220 Nm и во просек 100 km ги минува со 3,6 литри нафта. На брзо се очекува и неговата помоќна узведба со 110 КС и опцијата со штедливиот автоматик EDC. Со Captur Renault влегува на бојно поле каде конкуренцијата пука од сите оружја. Mеѓутоа Captur директно им се обраќа на лицата со отворена перспектива и вкус за лична авантура кои се во потрага по нешто различно, модерно и пред се практично при изборот на превозно средство.

Цените за нашиот пазар на презентацијата не беа објавени но, како по некое правило тие се многу слични со оние во Србија каде Captur со промотивниот попуст на стартот од продажбата во основната верзија чини 12.590 евра и се искачува до 17.090 евра за најопремениот модел.

Renault Scenic Xmod

Покрај главната звезда на денот на кратко имавме можност да се дружиме и со редизајнираната гама на моделот Scenic. Освен евидентните промени на предниот дел од возилото француската марка се погрижила на компактниот моноволумен да му подари и потполно нова верзија наречена Xmod. Во суштина станува збор за изведба со протеренски амбиции имплементирани на надворешноста на возилото. Како оправдување на ознаката Xmod доаѓа новоразвиениот систем за приспособлива контрола на тракцијата на погонските тркала наречена Extended Grip.

renault-scenic-xmod-vozi-1-2013-1

Да не дојде до забуна и овде станува збор за возило со преден погон, но со помош на овој систем добива подобра проодност на терени кои се потешко совладливи за обичен автомобил. Со системот управува електроника и се вклучува преку прекинувач поставен до рачката од менувачот. Во игра се 3 модуси на работа: нормален, за лизгав коловоз и експерт кои не го прават возилото теренец, но му дозволуваат пристојни перформанси кога патот е покриен со снег, има кал, или мраз. Со него временските неприлики се совладуваат  без да се наруши комфорот што стандардно во себе го носат моноволумените.
Моторната понуда се состои од турбо бензинецот од 1.2 литри во две изведби со 115 КС и 130 КС и два турбо дизели. Помоќната изведба на 1.5 литарецот со 110 КС и новиот 1.6 литарец со 130 КС.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat