Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Возевме: Renault Megane - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Возевме: Renault Megane
21.05.2012

Најавата за модернизираната изведба на Megane стигна на почеток на годината. Renault тогаш ги откри главните обележја на моделската понуда 2012 кои сега имавме прилика да ги почувствуваме.

renault-megane-rs-vozi-1-2012-1

Со новите стилски детали за кои пишуваме Megane делува свежо, посебно понудата GT кај која светлечките диоди за возење дење се вкомпонирани во браникот и јасно ја издвојуваат од обичната верзија.

Новина е системот Visio кој сам ги вклучува и гаси долгите светла помагајќи му на возачот да се сконцентрира на возењето при разминување со возилата од спротивен правец и сензорот од автоматскиот клима уред кој препознава загаден воздух и сам ја вклучува програмата за рециркулација на воздухот во кабината.

Аудиото е на Bose и посебно е скроено за кабината на Megane рачната сопирачка е електрична и има систем за помош при тргнување на стрмнина. Ова неважи за спортскиот Megane RS со класична рачна сопирачка за полесно совладување на тесни свијоци и поголемно задоволство.

renault-megane-vozi-2-2012-1

Сепак акцентот е ставен на новата генерација на мотори Energy сите со турбо натполнење кое им овозможува да остварат солидни перформанси со ниска потрошувачка и емисија на јаглероден диоксид.

Ударната понуда ја сочинуваат дизелите 1.5 dCi со 110 КС, 1.6 dCi со 130 КС и бензинците 1.2 TCe со 115 КС и 1.6 TCe со 130 КС. Послабите 1.5 dCi и 1.2 TCe нудат најдобар сооднос на цена перформанси и потрошувачка.

Посебно одушевува бензинецот 1.2 TCe кој извлекува 115 КС меѓу 4.500 и 5.500 врт/мин и вртежен момент од 190 Nm меѓу 2.000 и 4.000 врт/мин што го става во класа со атмосферски 2.0 литарец и далеку над атмосферски 1.6 литарец кого полека треба да го замени.

renault-megane-gt-vozi-3-2012-1

Моторот живо се одзива на педалот за гас повлекува од ниски вртежи и лесно ја одржува постигнатата брзина на пат. Треба да се има предвид дека неговите аспирации не се спортски затоа и покрај турбото од него не треба да се очекува брутално повлекување.

Истото важи и за 1.5 dCi кому му се припишува и безобразно ниска потрошувачка од просечни 3,5 l/100 km. 1.2 ТCe е малку полош во тој поглед, но сепак минува со просечни 5,3 l/100 km.

Кој сака да лови брзински просек и сака врз грбот да го чувствува секој допир на стапалото врз педалот за гас ќе мора да се одлучи или за бензинската или за дизел верзијата на 1.6 литарецот.

renault-megane-estate-vozi-4-2012-1

И двете остваруваат 130 КС, но дизелот предничи со вртежниот момент од масивни 320 Nm остварливи меѓу 1.750 и 2.500 врт/мин, наспроти 190 Nm остварливи при 2.250 врт/мин колку што испорачува бензинецот.

Со нив може да се смета на ловење висок брзински просек и на остри забрзувања, ова посебно важи за 1.6 dCi кој повлекува силно од ниски вртежи и нуди лежерно крстосување со добри меѓузабрзувања и нема потреба да се врти во горното работно подрачје. Посебно е погоден за моноволумените Scenic и Grand Scenic.

1.6 TCe го нуди задоволството на секој бензинец, а тоа е желбата за вртежи. За да се вози остро мора да се држи во горното работно подрачје и постојано да се работи со рачката од шестстепениот менувач. Уште ако е сместен во купето мами насмевка и не казнува со висока потрошувачка.

renault-scenic-vozi-5-2012-1

Но, ова е само една страна на 1.6 TCe. Благодарение на турбо полначот кој пумпа од ниски вртежи и со него може да се крстосува лежерно кога е остварлива и просечната потрошувачка од 6,3 l/100 km.

Ниската потрошувачка кај сите мотори се должи и на системот Start&Stop спарен со систем за регенерација на енергијата кој дополнително го полни акумулаторот при сопирање и забавување.

Како шлаг на тортата во понудата на Megane доаѓа спортскиот RS. Тој во 2012 влегува со моќност од 265 КС како верзијата Trophy рекордерот на Нирбургринг. Дополнителните 15 КС и 20 Nm се добиваат со избор на модусот Sport, додека во обичниот модус возачот ги користи „само скромните” 250 КС.

renault-megane-gt-coupe-vozi-6-2012-1

Можностите за персонализација, подобрената техника и мотори кои доаѓаат во пакет со освежувањетo треба да го задржат Megane како најпродаван модел на Renault.

Renault Megane колекција 2012

Renault Megane RS колекција 2012

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat