Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Abarth носи три модели во Франкфурт - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Abarth носи три модели во Франкфурт
02.09.2011

Спортското одделение на групацијата Fiat, легендарниот Abarth на претстојниот салон на автомобили во Франкфурт премиерно ќе претстави три нови модели од гамата на Fiat, Punto Evo, 500 и 500С.

abarth-punto-evo-1-2011-1

Првиот модел го носи името Abarth Punto SuperSport и е оличен во двобоен лак кого дизајнерите на Abarth го нарекуваат Grigio Campovalo, име кое се однесува на сребрен и мат црн лак.

Верзијата на Abarth Punto SuperSport е поставена на основата на Punto Essesse и носи поставен на леснометални бандажи од 18 инчи, а вентилираните и бушени сопирачки дискови го зафаќаат клешти обоени во црвена боја.

Под хауба работи истиот мотор Multiair 1.4 со турбо натполнење кој ослободува 180 КС доволни за спринт до 100 km/h за 7,5 секунди и за максимална брзина од 216 km/h.

Возните карактерситики се подигнати на уште повисоко рамниште балгодарение на постегнатата суспензија. Ентериерот е преслечен со стилски изработена кожа Abarth Corsa by Sabelt, а поставен е и навигациски систем Blue&Me.

abarth-695-competizione-1-2011-1

Вториот модел поставен на основата на Abarth 500 e 695 Competizione. Овој модел ги возобновува сеќавањата на тркачкото минато на Abarth и соодветно нуди само две места за седење.

Лутото топче го задвижува истиот мотор Multiair 1.4 со 180 КС, а моќноста до предните тркала се пренесува преку електромеханички менувач Abarth Competizione чии степени на пренос се менуваат само преку палки зад волан.

Abarth 695 Competizione носи помоќен сопирачки систем спремен за на трка кого го испроачува Brembo со предни сопирачки дискови од 305 mm. Издувот исто така е спортски и е дел од програмата Record Monza.

Во кабината се поставени само две тркачки кади кои ги испорачува специјалистот Sabelt, a инструментите се дело на специјалситот Jaeger. И во него Abarth го вградува системот за навигација Blue&Me.

abarth-500-cabrio-italia-1-2011-1

Третиот модел е кабриолетот Abarth 500 Cabrio Italia создаден во чест на јубилејот 150 години од Обединувањето на Италија. Кабриолетот е обоен во специјална скроена боја која е наречена Blue Abu Dhabi.

Кабината е преслечена со стилизирана кожа во две бои кафена и црна, а поставени се и спортски седишта во школка од карбон-фибер кои исто како и кај претходните два модели ги испорачува Sabelt.

Моторот Multiair од 1.4 литри и турбо натполнење кај Abarth 500 Cabrio Italia испорачува 160 КС, а менувачот е мануелен со пет степени на пренос. Внатре изобилува со богатсво од опрема, а носи и специјална нумерирана плочка.

Од овој модел ќе биде произведена лимитирана серија од само 150 примероци во чест на Италија.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat