Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
BenSopra R35 GT-R - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
BenSopra R35 GT-R
17.10.2011

Многумина во името се препознаваат ознаки на годзилата на Nissan, спортистот GT-R. И со право. Станува збор за посебна доработка на модерниот GT-R која ќе биде прикажана на салонот во Токио.

bensopra-r35-gtr-1-2011-1

Доработката ја прави престижната јапонска тјунерска куќа BenSopra која не се задоволува со малку и оди до екстреми. Тоа јасно се гледа од прикажаните фотографии на страшниот GT-R.

Дизајнерите го интегрирале целиот преден дел на автомобилот во едно парче изработено од карбон-фибер. Хаубата, предните проширени крила и браникот се излеани и дополнително украсени со шкрги, отвори и прекршувања кои допринесуваат за уште пострашен и поагресивен настап на GT-R.

Страниците добиле дополнителни проширувања и во пределот на задните крила и кај праговите. Зад предните и зад задните тркала стојат карактеристичните крилца коси крилца кои ја подобруваат аеродинамиката со намалување на вртложењето на воздухот зад тркалата.

Задното крило е поставено директно на браник на два вертикални носачи. Целиот склоп е изработен од карбон-фибер. Од истиот материјал е изработен и подот обликуван како вентуриева цевка за да создава негативен притисок.

Подот завршува со огромен дифузор одзади, додека однапред спојлерот е обликуван како крило на болид од Формула 1 и е независен од интегрираниот преден дел.

Инженерите пак одлучиле да го остават моторот да дише слободно со поставување на куси издувни цевки кои завршуваат веднаш зад предните тркала со што се ограничува употребата на спортистот само за на патека.

Модификувањето на моторот им одземало многу време на инженерите. Тие не откриваат како успеале стандардните 530 КС од 3.8 литарскиот V6 битурбо да ги зголемат на масивни 1.000 КС.

Воедно BenSopra не сака да ги наведе ниту перформансите на овој монструм од автомобил кој е најверен приказ на јапонскиот годзила. Моделот ознаката R35 ја повлекува од славното минато на GT-R, а премиерата ќе биде во јануари в година.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat