Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Ford Fiesta ST за во Лос Анѓелес - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Ford Fiesta ST за во Лос Анѓелес
09.11.2011

Ford се подготвува на салонот во Лос Анѓелес премиерно да ја претстави жешката верзија на Fiesta која ќе ја носи ознаката ST, а се најавува веќе долго време. Сепак, станува збор за концепт.

ford-fiesta-st-concept-1-2011-1

Она што го нуди Ford е едно видување за тоа како ќе личи сериската Fiesta ST бидејќи ја најавува како концепт. Покрај изобилството од коњски сили спакувано под хауба жешката Fiesta нуди и соодветен визуелен настап.

Предниот браник е нов и во себе носи спојлер и големи странични отвори кои носат ладен воздух до сопирачките. Одзади браникот носи интегриран дифузор и две издубни цевки, а на кровот штрчи поголем спојлер.

Внатре Fiesta ST носи спортски седишта на Recaro со изразена странична поддршка кои се обложени во кожа и ткаенина и се украсени со детали во жолта боја и неизбежната ознака ST.

Дека станува збор за ST потсетува и беџот на воланот, деталите од алуминиум на рачната сопирачка и рачката од менувачот  исто така беџот во црвена боја на топката од рачката на менувачот.

Под хауба работи 1.6 литарскиот турбо бензинец Ecoboost навиен на 180 КС. Моторот ослободува 240 Nm максимален вртежен момент кого кон предните тркала го испраќа преку шест степен мануелен менувач.

Сето ова е доволно за спринт до 100 km/h за околу 7 секунди и максимална брзина од 220 km/h. Жешката Fiesta ќе се крчка уште пред да стигне до купувачите бидејќи стартот на продажбите е закажан дури за во 2013 година.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat