Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Mercedes го открива ML 63 AMG - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Mercedes го открива ML 63 AMG
18.11.2011

Mercedes ја претстави отровната верзија на својот теренец ML која традиционално е скроена од експертите на AMG и која се одликува со моќност, луксуз, ефикасност и одлични динамички карактеристики.

mercedes-ml-63-amg-1-2011-1

Ова последното доаѓа од новоразвиениот систем на Mercedes и AMG којшто се нарекува Active Curve System и е составен од активни стабилизатори кои ја препознаваат тенденцијата за навалување во свијок и се активираат спречувајќи го навалувањето.

Па така возачот има чувство како да вози картинг, а не колос. Mercedes ML 63 AMG вози рамно низ свијоци и остварува значлително повисока возна динамика од претходникот. Системот доаѓа сериски и работи во симбиоза со останатите системи за активна контрола на стабилноста.

Со него доаѓа до израз и активната воздушна суспензија која е уште еден виновник за скротување на моќната коњица која се сокрива под хауба и лутите перформанси кои произлегуваат како директен продукт од неа.

mercedes-ml-63-amg-2-2011-1

Инженерите на AMG од 5.5 литарскиот V8 со турбо натполнење за во ML 63 AMG извлекле 525 КС при 5.250 врт/мин и мрсен вртежен момент од 700 Nm кој стои на располагање меѓу 1.750 и 5.000 врт/мин.

Вака поткован Mercedes ML темпо 100 лови за 4,8 секунди, но тука не е врвот за него. Со пакетот AMG Performance спринтот до 100 km/h се скусува на 4,7 секунди, а максималната брзина оди до 280 km/h во отворената верзија.

Подобрите пероформанси се долг на поголемата моќноста на моторот. Со зголемување на притисокот во турбо полначот од 1.0 на 1.3 бари инженерите го навиле моторот на 557 КС при 5.750 врт/мин и добиле 760 Nm меѓу 2.000 и 5.000 врт/мин.

mercedes-ml-63-amg-3-2011-1

За сопирање на залетаниот колос се задолжени вентилирани и бушени дискови на сите четири тркала од кои предните се со димензии 390x36 mm, a задните 345х26 mm. Тие се сокриени зад леснометални бандажи од 20 или 21 инчи обуени во гуми 264/45R20, или 295/35R21.

Препознатливите AMG елементи го одвојуваат ML 63 AMG од обичниот модел како од надвор така и внатре каде преовладува кожа Nappa и мало богатство од опрема.

Ценовниот старт е од 108.885 евра, додека за пакетот AMG Performance се доплатуват уште 7.021 евра и од него се очекува да ги надмине своите претходници во продажбата.

mercedes-ml-63-amg-4-2011-1

Првата генерација ML 55 AMG (1999 – 2003) спродаде во преку 11.000 примероци, додека претходникот ML 63 AMG (2006 – 2011) забележа преку 13.000 продажби.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat