Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Nissan Juke станува Супермен - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Nissan Juke станува Супермен
27.09.2011

Кросоверот Nissan Јuке кој минатата година предизвика голема мешаница на пазарот заради својот дизајн ќе се претвори во супермен откако под хауба ќе му биде сместен моторот на Nissan GT-R.

nissan-super-juke-1-2011-1

Оваа отровна верзија на Juke ќе ја подготвува европското одделение на Nissan, Nissan Europe, која му го дава и името Super Juke и ветува дека кросоверот ќе биде нешто неповторливо компактен кросовер со срце на суперавтомобил.

До сега најмоќниот мотор на Juke, 1.6 литарскиот бензинец со 190 КС ќе си замине од под хауба и во тесниот простор ќе биде стуткан 3.8 литарскиот V6 со два турбо полначи кој ослободува 530 КС.

Перформансите нема да бидат на ниво на Nissan GT-R, но сепак, ќе бидат импресивни. Малиот беснотилак до 100 km/h ќе спринтува за 4,0 секунди и ќе вози со максимални 270 km/h.

Секако вградувањето на монструозниот V6 нема да биде единствената модификација кај Juke. Каросеријата ќе претрпи серија засилувања, а измени ќе има и кај потпирањето кое ќе носи помасивни водилки, пониски и покрути пружини и соодветни амортизери.

Нов ќе биде и системот за сопирање исто така земен на заем од GT-R со бушени и вентилирачки дискови на сите четри агли од возилото. Super Juke ќе добие и нови аеродинамички додатоци кои ќе го држат залепен за асфалт при високи брзини.

Воедно од кабината ќе бидат извадени сите непотребни елементи за да се заштеди на секој килограм. Внатре ќе бидат поставени тркачки кади за возачот и совозачот, а се шпекулира дека две кади ќе има и за патниците одзади.

Нема информација кога Super Juke ќе биде претставен пред јавноста, но од Nissan Europe се децидни дека станува збор за студија која ќе биде произведена само во еден единствен примерок. Штета.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat