Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Се појави отровниот Volvo S60 - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Се појави отровниот Volvo S60
19.06.2012

Фабричкиот тјунер на Volvo, шведската компанија Polestar ја претстави отровната изведба на Volvo S60, кој што за сега е концепт, но се очекува наскоро да започне неговото производство по нарачка.

volvo-s60-polestar-1-2012-1

Како основа е земена најмоќната изведба S60 T6 која под хауба го пакува турбо бензинецот од 3.0 литри распоредени во шест цилиндри во линија кои истискуваат 304 КС и ги туркаат сите тркала до 100 km/h за 6,5 секунди и до максимални 250 km/h.

Меѓутоа ова не е доволно за инженерите на Polestar кои ja модификувале главата на моторот, коморите за согорување и вшмукувачкиот и издувниот вод. Поставиле нови клипни лостови, издув од не`рѓосувачки челик на специјалистот Ferrita и поголем турбо полнач Garrett 3171.

Така моторот ги задоволил нивните очекувања остварувајќи максимална моќност од 508 КС при 6.500 врт/мин и максимален вртежен момент од 575 Nm при 5.500 врт/мин и достигнувајќи максимален број на вртежи од 7.100 врт/мин.

Доработен е и мануелниот менувач со шест степени на пренос за да може да го издржи масивниот вртежен момент, а со него и погонот на четири тркала. Него го испорачува специјалистот Hаldex.

Станува збор за најновата генерација на погон на четири тркала кого експеритите во Hаldex го нарекувуаат Gen4 XWD и на него е додеден електронски контролиран самозаклучувачки заден диференцијал eLSD кој исто така е дело на Haldex.

volvo-s60-polestar-2-2012-1

Поставено е ново потпирање кое ја зголемува трагата напред за 20 mm и одзади за 40 mm, носи поцврсти и пониски пружини за 30 mm, амортизери од Ohlins и поголеми стабилизатори.

Поставени се нови напречни водилки со Uniball зглобови, попречни греди во облик на буквата Х напред и назад за скрутување на врската меѓу страниците и ново електромеханичко управување кое доаѓа од светот на трките и импресионира за прецизност и повратни информации.

Сопирачките напред се дело на Brembo и се составени од вентилирачки дискови од 380 mm кои ги зафаќаат шест клипни сопирачки клешти. Назад исто така има вентилирачки дискови, но од 302 mm и сопирачки клешти развиени од Polestar.

Volvo S60 Polestar стои на леснометални бандажи од 19 инчи обуени во гуми 265/30 кои на подлогата ја пренесуваат масивната снага способна да го истурка до 100 km/h за катапултирачки 3,9 секунди и до го одведе до максимални 300 km/h.

Контролата на високи брзини ја обезбедува и соодветниот аеродинамичен пакет добиен во воздушен тунел кој ги проширува крилата за 20 mm и му дава преден браник со сплитер, спојлер на капакот од багажникот и дифузор од карбон-фибер под задниот браник.

volvo-s60-polestar-3-2012-1

Со вака подготвен тркач Volvo им се прети на BMW M3 и на Mercedes C63 AMG посебно со најавата за цена пониска од онаа на германските конкуренти.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat