Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Специјална серија на Clio RS - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Специјална серија на Clio RS
03.10.2011

Renault готви новини во понудата на Clio. Ја претставува специјална лимитирана серија на жешкиот Clio RS, наречена „Ange & Demon” и ја најавува со девизата: ѓаволскиот Clio со лице на анѓел.

renault-clio-rs-ange-demon-1-2011-1

Оваа лимитирана серија на Clio RS ќе биде произведена во лоши 666 примероци кои во продажба ќе бидат пуштени на 31 октомври на Ноќта на Вештерките, Halloween, заради што и го носи името ангел и демон.

Уникатни елементи кај овој посебен Clio RS се првиот мат лак кого Renault ќе го нуди сериски. Нијансата е темно сива и е наречена Matt Hologramme Grey, додека крово е обоен во лак црна боја.

Секако кому не му се допаѓа оваа сива боја ќе може да одбере и мат црвена боја наречена Matt Toro Red, или пак, бела метална боја со бисерен ефект наречена Givre Nacrе, или смрзнат бисер.

Без оглед на лакот на каросеријата кровот секогаш е лак црн заедно со спојлерот на задната врата, задниот дифузор, ретровизорите, крилото во предниот браник обликувано според урнек на Формула 1 и леснометалните бандажи од 18 инчи.

Clio RS Ange & Demon e опремен со Cup шасијата на Renault Sport, ги носи новите гуми Bridgestone Potenza RE 050A со кои неговиот поголем брат Megane RS го собори рекордот на Нирбугринг.

renault-clio-rs-ange-demon-2-2011-1

Внaтре возачот го пречекуваат тркачки кади на Recaro поставени со кожа, уникатна рачка од менувачот со метална топка, посебна плочка со која се докажува потеклото поставена под рачната сопирачка и специјални патосници.

Тука е и комплетното ниво на опременост како отклучување и стартување без клуч, радио со CD со Bluetooth, автоматски клима уред, електрика на ретровизори со склопување.

Како избор остануваат или тeлеметрискиот систем на Renault Sport, или пак вградениот навигациски систем Carminat TomTom Live кои не се доплатуваат, но затоа купувачот ќе мора да одбере една од нив.

И за крај тука е посебното лого кое е залепено на третиот носач С само до страната на возачот, исто така како доказ за иднетитетот. Renault најавува цена од 27.990 евра во Франција. Нарачките се отворени веднаш.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat