Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Toyota GT 86 со моќни 320 КС - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Toyota GT 86 со моќни 320 КС
18.05.2012

Фабричкиот тјунер на Toyota, тркачкиот тим Gazoo Racing го претстави првиот модел од својата програма за доработка на купето GT 86 најавена на почетокот на 2010 година преку концептот G Sports.

gazoo-racing-sports-fr-concept-1-2012-1

Како што најавуваат од Gazoo Racing тјунираниот GT 86 е наречен Sport FR Concept и во моментот се наоѓа во фаза на тестирање во која се дотеруваат завршните детали пред да влезе во редова понуда.

Инженерите на Gazoo Racing успеале моќноста на серискиот 2.0 литарски Боксер со четири цилиндри да ја подигнат на сериозно високи 320, а вртежниот момент од 205 Nm да го отераат до масивни 421 Nm.

Подигнувањето на перформансите е постигнато со поставување на механички компресор и на турбо полнач кои работат во симбиоза. Спортски издув и модификации на електронската контрола на моторот.

Подигнувањето на моќноста условило да са вгради спортско потпирање кое е дериват на тркачките автомобили, нуди можности за поддесување на сетапот и го спушта автомобилот за сериозни 95 mm.

Вградени се и моќни сопирачки кои исто така повеќе одговараат за на тркач и комплетно е сменета аеродинамиката со нов преден браник со вкомпониран спојлер, пошироки крила напред и назад и масивни прагови.

Измените продолжуваат во задниот дел со нов браник со помасивен интегриран дифузор и со поголемо задно крило. Двата елементи заедно генерираат поголем негативен потисок и ветуваат масивна тракција и стабилност.

Како дополна се отворите на предните крила за одвод на врел воздух од под хауба и од предните соприачки. И отворите во масивните прагови за довод на воздух до задните сопирачки за подобро разладување.

Машината е поставена на леснометални бандажи од 18 инчи обуени во гуми 265/35. Внатре е вграден заштитен кафез, задните седишта се извадени, а возачот и совозачот седат во тркачки кади со појас во четири точки.

Измени има и на арматурата каде се постави нови мерни инструменти кои го прикажуваат притисокот во механичкиот компресор и во турбо полначот. Кога прототипот ќе заврши со тестирање нема информации.

Исто така Toyota не открива кога еден ваков набилдан GT 86 ќе може да се купи и колку би чинел.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat