Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Audi A5 Sportback официјално - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Audi A5 Sportback официјално
16.07.2009
audi-a5-sportback-1.jpgШпијунските фотографии, официјалните тизери и видеа си ја завршија работата подгревајќи ја љубопитноста околу новиот модел на Audi, A5 Sportback се до неговото официјално претставување.

Конечно се случи и тоа. Сега Audi A5 Sportback го имаме на дланка. Токму на денот кога производителот од Инголштад ја прославува својата 100 годишнина. Audi A5 Sportback доаѓа како совршен роденденски поклон за наполнетото столетие.

Купето со пет врати како што го нарекуваат во Audi е првиот од низата нови модели со кои производителот од Инголштад сака со лепезата производи да им се доближи на своите премиум конкуренти BMW и Mercedes.

Целта на Audi е и да ја зголеми свкупната продажба на годишно ниво. Иако лани таа ја надмина бројката од 1 милион возила според одговорните на марката не е доволно. Стремежот се 1,5 милиони автомобили годишно.

Затоа покрај Audi A5 Sportback од Инголштад ги најавуваат и премиум малечкиот хечбек А1, но и луксузното купе со четири врати А7 кои доаѓаат во следните неколку години.

Но, да се вратиме на главниот јунак во најновата приказна на Audi, A5 Sportback.

Купето со пет врати добива доза на динамика со кровот кој благо се спушта безмалку до крајот на петата врата.

Токму линијата на кровот, отсуството на рамки на вратите и третото странично стакло го прават дизајнот на Audi A5 Sportback прилично уникатен и привлечен.

Уште повеќе привлекува изведбата S-Line која комбинира преден браник со повпечатливи странични отвори за воздух, странични завеси, заден браник со вграден дифузор и повпечатливи и поголеми леснометални бандажи.

Секако оние што ќе се одлучат за S-Line ќе добијат и постегнато подвозје, хромирани издувни цевки. Уредувањето на кабината пак ги следи смерниците поставени од A5 Coupe и Audi A4.

Audi A5 Sportback е автомобил кој нуди практичност на комби или во случајот на Audi, Avant, со елеганција и стил на едно купе. Тоа значи дека нуди багажен простор од вкупно 980 литри со спуштени задни седишта.

Елеганцијата кај Audi A5 Sportback доаѓа од пониската линија на кровот. Имено тој е за 36 mm понизок од А4, а има покуси превиси и поголемо меѓуоскино растојание од 2.810 mm.

Сепак, инженерите тврдат дека внатре четирите патници имаат простор за глава подеднакво како во А4. Во моторната понуда нема многу изненадувања и сето она што е познато од A5 Coupe/Cabrio и од А4 ќе работи под хаубата на Audi A5 Sportback.

Audi A5 Sportback ќе се нуди со три бензински и три дизел мотори. Гамата бензинци ја сочинуваат две изведби на 2.0 TFSI со 180 КС и вртежен момент од 320 Nm и 211 КС со вртежен момент од 350 Nm и моќниот 3.2 литарски V6 со 265 КС и вртежен момент од 330 Nm.

Бензинските мотори се опремени со новиот систем на Audi за управување со вентилите кој им овозможува да произведуваат поголем вртежен момент и воедно да ја смалат потрошувачката.

Дизел понудата ја сочинуваат 2.0 TDI со 170 КС и вртежен момент од 350 Nm, 2.7 TDI со 190 КС и вртежен момент од 400 Nm и 3.0 TDI со 240 КС и вртежен момент од 500 Nm.

Audi на старт го нуди A5 Sportback со три менувачи. Мануелен шест степен со минимален коефициент на триење кој се нуди во двете верзии 2.0 TFSI, во 2.0 TDI и во 2.7 TDI. Во најава е и мануелен менувач за верзијата 1.8 TFSI која следи подоцна и за 3.0 TDI.

Безстепениот multitronic со три модуси на работа Normal, Sport и Manuаl со избор од осум степени на пренос, ќе се вградува во 2.0 TDI со 143 КС во 2.7 TDI и во двете верзии на 2.0 TFSI.

Верзиите со погон на четири тркала 2.0 TFSI Quattro, 3.2 FSI Quattro и 3.0 TDI Quattro снагата ќе ја пренесуваат преку седум степениот менувач со две спојки S tronic со автоматско и мануелно префрлање на степените.

Динамиката на верзиите Quattro дополнително е нагласена со новиот спортски диференцијал кој стои на располагање за 3.0 TDI Quattro и 3.2 FSI Quattro.

Спортскиот диференцијал варијабилно ја распределува снагата меѓу тркалата на задната оска. Кога се влегува од свијок диференцијалот поголемата порција од вртежниот момент ја префрла на надворешното тркало кое буквално го турка автомобилот надвор до свијокот.

Спортскиот диференцијал со реакција помала од 100 милисекунди е побрз дури и од електронската контрола за стабилност ESP и безмалку го поништува секој обид на автомобилот да мине во подуправување или надуправување.

Верзиите со погон на предни тркала пак доаѓаат со новиот систем за електронска контрола на стабилноста кој во себе вкомпонирува и електронски самоблокирачки диференцијал.

Секако сето ова заедно со богатата опрема има своја цена. Audi ги објавува цените за германски пазар за верзиите кои ќе се нудат на старт. Листата е следна:

2.0 TDI со 6 степен мануелен менувач 36.050 евра
2.7 TDI со 6 степен мануелен менувач 39.300 евра
3.0 TDI quattro со 7 степен S tronic 47.950 евра
2.0 TFSI 180 КС со 6 степен мануелен менувач 33.650 евра
2.0 TFSI 211 КС quattro со 7 степен S tronic 42.150 евра
3.2 FSI quattro со S troniс 47.000 евра

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat