Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Audi ја најавува фамилијата S - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CEST/2.0/DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45
Audi ја најавува фамилијата S
01.09.2011

Audi премиерно во Франкфурт ќе го претстави спортистот од новата генерација на А6, кој традиционално ќе ја носи ознаката S6, а доаѓа во две изведби како седан и како комби кое има повеќе поклоници.

audi-s6-1-2011-1

Под хауба на новата генерација на S6, како замена за масивниот 5.2 V10, ќе работи новиот 4.0 литарски V8 TFSI со два турбо полначи и со систем за директно вшприцување на горивото од најнова генерација.

Новиот мотор ослободува 420 КС и максимален вртежен момент од 550 Nm меѓу 1.400 и 5.300 врт/мин кои до сите четири тркала се испраќаат преку седум степениот менувач со две спојки S Tronic.

И кај седанот и кај комбито максималната брзина е ограничена на 250 km/h, додека спринтот до темпо 100 се разликува за 0,1 секунда. Имено S6 до 100 km/h стигнува за 4,8 секунди, додека S6 Avant за 4,9 секунди.

Се разликува и просечната потрошувачка за 0,1 l/100 km. Audi S6 во просек троши 9,7 l/100 km, додека S6 Avant 9,8 l/100 km. Личи дека вредностите за потрошувачката се премногу ниски за еден премиум спортист од 420 КС.

audi-s6-2-2011-1

Но, од Audi тврдат дека се достижни благодарение на системот кој исклучува четири цилиндри при крстосување на пат со константна брзина, системот Start&Stop и системот за регенерирање на кинетичката енергија.

Подвозјето користи активна воздушна суспензија која го приближува S6 до подлогата за 10 mm и обезбедува прецизно водење на автомобилот и спортски возни карактеристики без да се наруши комфорот на патниците.

Сериски Audi го поставува S6 на леснометални бандажи од 19 инчи обуени во гуми со димензии 255/40. Како опција на располагање стојат седум различни типови на леснометални бандажи од 19 и од 20 инчи од кои четири се на Quattro GmbH.

Истата техника ја користат и поголемите модели S7 и S8 кои во Франкфурт пристигнуваат заедно со S6. Заради поголемите димензии и тежина S7 нуди за нијанса полоши перформанси од S6.

audi-s6-3-2011-1

Audi S7 Sportback до 100 km/h забрзува за 4,9 секунди, исто како S6 Avant, додека потрошувачката му е на ниво на седанот S6. Знаменосецот во понудата S8 пак е сосема нова приказна. Иако носи иста техника тој е значително помоќен.

Моторот за во S8 е навиен на сериозни 520 КС и ослободува вртежен момент од мрсни 650 Nm меѓу 1.700 и 5.500 врт/мин. Моќноста на S8 резултира со уште постраотни перформанси каде спринтот до 100 km/h трае само 4,2 секунди.

Комерцијализацијата на фамилијата S на Audi се очекува во првото тримесечје на следната година.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat