Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/components/com_sef/joomsef.php on line 391
Bentley Mulsanne e во Македонија - Vozi.com.mk
Get Adobe Flash player

Warning: strtotime() [function.strtotime]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Deprecated: Function eregi_replace() is deprecated in /home/vozicomm/public_html/administrator/components/com_sef/classes/seftools.php on line 540

Deprecated: Assigning the return value of new by reference is deprecated in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 45

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 414

Warning: date() [function.date]: It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected 'Europe/Berlin' for 'CET/1.0/no DST' instead in /home/vozicomm/public_html/plugins/content/plg_imagesized.php on line 414
Bentley Mulsanne e во Македонија
06.11.2013

Незаменлив луксуз со беспрекорни перформанси, со мотор како на авион и удобност на луксузна јахта. Луксузната и престижна лимузина Bentley Mulsanne пристигна во салонот на Порше Македонија.

bentley-mulsanne-mkd-1-2013-1

Иако Bentley Mulsanne е веќе познат на автомобилските вљубеници, станува збор за најновата изведба во која е задржан е иконскиот 6.75 литарски V8 со 505 КС кој сега е полесен и модификуван со цел да се зголеми економичноста.

Голем, но по своите бесни перфоманси Mulsanne може да се спореди со моќност на авион, додека со незаменливиот луксуз и удобност со најлуксузните јахти. Она што го разликува од другите луксузни возила е моќноста за персонализација.

Односно можноста идниот сопственик да учествува во неговото креирање. Имено, купувачите имаат избор од 114 бои на каросерија, 21 боја за внатрешноста, 9 варијанти на дрво и 24 видови на кожа.

Сопственикот има можност возилото да го обликува по сопствен вкус па затоа  изработката на еден ваков  автомобил трае просечно 9 недели. Секако, во Bentley исполнуваат и луди желби, но само оние кои не го нарушуваат реномето на марката.

Откако ќе го скрои луксузниот брод на четири тркала следно што треба да направи идниот сопственик е да ја избере униформата на својот возач, бидејќи лимузината сама по себе бара еден ваков моден детал.

bentley-mulsanne-mkd-1-2013-3

Bentley Mulsanne е лимузина за уживање! Наменет за најголемите хедонисти, за луѓе со истенчен и софистициран вкус, кои не сакаат компромиси туку го бараат најдоброто и најсовршеното за себе.

Луѓе кои знаат што сакаат и се подготвени да инвестираат цело богатство за тоа. Овој модел овозможува многу повеќе од задоволство, тој е исполнување на сонот на најстрасните љубители на лимузините.

Mulsanne е долг дури 5,575 m, широк e 2,2 m и висок e 1,5 m, a тежи 2.600 kg. Името Mulsanne е добиено по најдолгиот свиок на легендарната тркачка патека Леман.  

Bentley кај својот знаменосец воведе голем број на нови луксузни карактеристики. Многубројните нови функции за удобност вклучувајќи ги и специјално дизајнирани потпирачи за глава и нозе во продолжение на седиштата. Тука се и удобните перници на задната клупа.

Новите измени вклучуваат завеси за приватност во задниот дел од возилото што овозможува уште подобар одмор или подобри услови за работа на патниците во текот на патувањето.

bentley-mulsanne-mkd-1-2013-2

Новости во кабината се и делот за чување на предмети и потпирачите за раце на задните врати. Овој покриен дел, на секоја задната врата, е погоден за оставање на мобилни телефони, лични предмети или Bluetooth слушалки.

Новиот информациски и мултимедијален систем  е опремен со најнова технологија со која кабината на Mulsanne станува вистински „Wi-Fi Hotspot”.

Конекцијата се состои од Wi-Fi рутер, универзален мобилен телекомуникациски систем „UMTS”, телефонски модул и SIM читач на картичка кои обезбедуваат постојан безжичен интернет пристап на кој може да се приклучат осум Wi-Fi уреди истовремено.

Вградени се и 8 инчни LCD екрани, 20 GB хард диск и DVD плеер, кои се поврзани преку врвниот аудио систем "Naim for Bentley", додека две групи на Bluetooth слушалки и далечински управувач се во рацете на патниците.

Новите функции на Mulsanne се комбинација на впечатлив дизајн со најнови технолошки достигнувања, кои му овозможуваат да понуди најдобро искуство на патот.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 
malatya evden eve nakliyat mardin evden eve nakliyat